Забележав маж и жена. Додека жената го поливаше цвеќето а мажот го поправаше гробот на кучето, плачеа и очите ги бришеа од солзите.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во својата анализа на Бентамовиот Паноптикум, Фуко обрнува внимание на структурата која е во сржта на неговото делување.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Разгледувајќи ги импликациите на оваа структура во смисла на нееднаквост, на едно друго место сугерирав дека, во нашата култура, се чини дека мажите сѐ почесто се „инструментите“ на нормализирачкото набљудување, додека жените почесто се субјектите на ова набљудување (White, 1989). okno.mk | Margina #4-5 [1994] 59
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Додека жените на Запад имаа негативни политички права и бараа позитивни социјални права, жените на Исток имаа нешто како социјални права, но им недостасуваа политички права и негативни права.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Шифра: Господарот на камшиците", гласеше огласот кој го испрати по СМС во неделниот додаток на весникот кој редовно го купуваше и го читаше оптегнат на троседот во пижами и влечки, додека жена му трчаше по децата, готвеше и пеглаше.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Тој постојал на вратата толку време, додека жената не си ги отпетлала своите раце од околу вратот на Големиот Ристана, а после, кога тој останал сам како стожер среде таа соба, го зеле и жената и главниот инженер и го истуркале низ вратата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Орото се растури уште веднаш штом стана Башмајсторот и сега заминуваа, цела поворка, цела тајфа, додека жените довикуваа по нив „Создравиеееее - “, а буките крај патот имаа зелени, распукнати, набабрени пупки и селото во таа утрина се чинеше толку убаво, ги видоа наеднаш сите убави работи во него и некако копнееја од тоа, сите со по една стегната вилица и со нешто меко, болно и ранливо во погледот, заскитен напред.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Напролет, на годишнината од смртта на првиот од дружината, додека жените ги орале здружените ниви на секоја глава во Кукулино да ѝ припадне по толку жито или пченка колку што е доволно да се одржи голиот живот, преостанатите мажи навртеле планински поток кон земјиштето на еден од неколкуте манастири во тој крај и под големоглава сенка на кубе од пред неколку стотици години почнале да ѕидаат воденица, сега една и заедничка за сите во Кукулино.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го завлекле по зандани, кон мачилиштето на прочуениот пекол Беаз-Куле или кон арапски пустини.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Истата вечер стариот Голдблум, облечен во ноќна анетрија, додека жена му држеше свеќник над главата, ги броеше, потплукнувајќи меѓу прстите, крупните банкноти што ги редеше на постелата, подготвувајќи ги, заедно со неколку обврзници, како практична поткрепа на предлогот што го подготвуваше за утрешниот разговор со син му. „Дојдете”, ми рече д-р Астерид.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Попат, додека жена му во дланките стискаше стуткано шамиче додржувајќи ги солзите да не ѝ прокапат, тој се мислеше што ли му се случило на постариот син и не знаеше што да изусти пред жена си на седиштето до него.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Та кога дојде таа поголема група гости, додека жена му отиде во кујната да се погрижи за останатото, тој се нафати гостите да ги послужи со пијалак.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Заедно со ова трагикомично привидение низ мојата фантазија протрчуваа и оние други слики и дребулии што обично се јавуваат додека жените ни објаснуваат со какви тешкотии биле поврзани нивните подготовки за излегување.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Откако се збогува со својата сопатничка, Марија сакаше да ја врати прекривката, но жената ѝ рече да си ја покрие главата додека поминува низ дворот и да ѝ ја врати на влезот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Патничките, чиишто лица одвај се гледаа под бледата светлина на една светилка во дворот, останаа неподвижни сѐ додека жената со војнички изглед не им дозволи да се слезат со неколку едноставни наредби, како да им се обраќа на деца од градинка.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)