Продолжив да ги сечам насреде и ги доисеков; од половина нагоре попаѓаа додека нозете продолжија да чекорат. Но само така ми се стори.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Соленикавиот и свеж мирис на сината ширина во неговите ноздри, додека нозете брзаат да го однесат на тајната средба со девојката што го чекаше, далечна, а блиска, таинствена, а позната, исто како и морето...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Зрак бледа светлина се откраднува од синиот свод, ја погалува по срамежливо откриеното колено, додека ногата ѝ го испушта однапред научениот полукруг.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Но, ние сепак ќе продолжиме да се обидуваме, сè додека ни е полна пушкава, и додека нозеве продолжуваат да одат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Продолжив да ги сечам насреде и ги доисеков; од половина нагоре пропаѓаа додека нозете продолжија да чекорат. Но само така ми се стори.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)