Само во неколку наврати сонот фати да го совладува и да му ги враќа оние страшни слики, што лебдејќи на самата граница со јавето, тој успеа да ги оттурне.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Има голема дарба во него”, се согласува синоокиот Шварц, додека професорот Гејер со очилата спуштени на носот под густите веѓи, сркнува од чајот и, како што дискусијата за него се развива, каснува пишкоти и ту на едниот, ту на другиот, живо им потврдува со главата...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Професорите по струката беа повеќе од задоволни, освен што си дозволуваа творечка слобода онаму каде што не мораше да се придржува до ликовната дисциплина, додека професорите по теоретските предмети му прогледуваа низ прсти во кои тој не се пројавуваше ни со очекуван интерес ни со особена смисла.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)