Ме погали, и додека левата рака уште ѝ беше на мојата глава, ја крена и десната рака, помина со неа по проретчената коса на својата глава, се погали себеси. Ја прегрнав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Пак ќе побегнам за да те посетам,“ ги издиша зборовите во мојот врат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Едо во последен момент сепак се повлече слизнувајќи се со целото тело колку што може подалеку од неа за да се доизцеди додека левиот образ и лежеше на стомакот, под дојките што од страна и ги држеше во дланките напојувајќи се со ненаситна милина.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)