додека (сврз.) - негов (прид.)

– Каде ги дадовте козите! – продолжи шефот, додека неговите придружници веќе пребаруваа во дворот, во куќата. – Таму, таму ги дадовме! – процеди мајка ми покажувајќи кон паркот... – Каде таму... подобро кому?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ех! Но сепак, една мала искра на надеж потајно живее во кучешкото срце на К*, кој постојано виси на прозорецот додека неговата сосетка минува низ дворните површини, ех, си воздивнува К* со надеж за тој, некој, еден ден, ех!
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Навистина малку го релаксираат додека плива и додека неговото стежнато тело лебди над плочите од дното на базенот, додека тромаво се лизга над имињата, судбините и сенките на покојниците, обидувајќи се да не гледа во нивните симболи, во знаците неизбришливо издлабени врз стариот мермер на дното, што како за инает, водата ги мие, ги увеличува како под лупа, ги прави појасни и поблиски, скоро тутнувајќи му ги пред стегнатите очи и чело на покајаниот делегат на Комесаријатот за еврејски прашања, кој пливајќи се обидува да ја намали напнатоста што ја чувствува низ целото тело и да го одложи надоаѓањето на нервниот слом.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Пред вратата ги пречека гавазот Муарем и длабоко му се поклони на господарот, правејќи темане додека неговата десна рака ја достигна земјата, и со едно „сељам а лејќум — а лејќум сељам" се поздравија двајцата Османлии, едниот наведен до крајна понизност, а другиот исправен, горд и поносен на својата висока положба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Му верува додека неговиот јазик шумоли крај увото.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Се населува во Медон, кадешто пак се занимава со лечење на сиромашни, додека неговата жена дава часови по танц.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Кимна со главата додека неговите сини очи автоматски ги проверуваа моите раце.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Никако не можеше да заспие откако тој ќе почнеше да грчи, додека неговото грчење не му пречеше на нејзиниот длабок сон.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Токму во овој контекст на родова паника околу „забранетата фантазија за машко театрално покажување“, а оттука и на сомнителниот статус на машкиот изведувач, мајката, според Д. А. Милер, го покажува своето вистинско значење – и како извор и потврда на синовата желба да изведува и како давателка на исклучително скапоцена општествена дозвола (75).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа што таквите ликови не остваруваат дејство, туку изведуваат претходно утврдена и напишана улога, тие ја немаат, и при сета своја виртуозност (и мускулатура, барем во случајот со танчерите) мажествената достоинственост на спортските ѕвезди или на политичарите од едниот или од другиот род, кои на почетокот од играта не знаат точно што ќе прават со телата и како ќе се однесуваат во текот на дејството што ќе уследи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мајчиното одобрување го иззема синот од терористичкиот надзор и од терористичкото спроведување на машките полови улоги, додека неговото идентификување со неа му овозможува пристап до просторот на самата изведба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бам-бам-бам... ритамот на возбудата од нејзиниот стомак ѝ одѕвонуваше во ушите, додека неговиот бакнеж од неа ја вадеше музиката, вешто, лесно, како што прстите на умешен музичар навидум само пребаруваат по жиците на гитарата, а всушност од неа раѓаат светови што никој друг, освен нив, не умее таму да ги пронајде.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тие откриле дека сепак можат да го претскажат статистичкото поведение на системот сѐ додека неговите делови се идентични а нивното заемодејство е слабо.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Знаеше дека нема да помине многу време додека неговата присутност еднаш да мора да го гребне по сознанието она ѕвере, а тогаш тоа ќе мора да се подаде од под својата карпа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ додека неговиот последен неизвикан вик не му се сви во грлото, бессилен дури и за да одлета и нем.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Отпрвин забрзано, со прекинувања, додека неговиот глас почна да звучи спокојно, му го раскажа својот план.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Геле Накотник излезе омрлушено од зад решетките по две седмици додека неговиот постар пријател беше пуштен кога од планините плисна мирис на снег.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Самиот ли бил, пред да стане ова што е, некој друг и на друго место, иконописец под запалена борина, додека неговата свест таложела линија по линија врз парче оревовина?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се сомневам дека би било многу тешко да се најде принципиелен начин за отстранување на Тјуринг-еквивалентните и Тјуринг-неразликувачките имплементирања од овој вид без повикување на мистериозни специјални својства на ментално произведената перформанса на обата краја на потфатот: Тие веќе беа имплицитни (со право, според моето гледиште) во Тјуринговата интуиција дека би било арбитрарно да се одрекува (едноставно бидејќи се испоставува дека е машина) дека еден систем има ментални состојби сѐ додека неговата перформанса е Тјуринг-неразликувачка од онаа на системот со ментални состојби.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Не може да се рече дека Камилски беше задоволен од одговорот, но додека неговата сопруга ги послужуваше парчињата од петаникот, пита којашто беше од фамилијата на тикушот, но со разбирливо и предвидливо име, Татко се обидуваше да ја доразвие својата мисла: Пред малку ја разгледувавме судбината на зборот модар патлиџан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Речиси во секое семејство ширум низ Османското Царство постоел различен начин на подготвување на овој плод.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потем, додека неговите шеесет години патуваа кон гостољубивата црна земјичка, тројцата тапкаа по бетонскиот под и се проѕеваа гласно и развлечено. „Зошто?“ праша еден тивко и со притаеност,
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не знаеше на кого да мисли. Се присилуваше и наоѓаше дека е Иван вистинскиот и матно настојуваше - оној, вепарот со голо теме, ги зема сите девојки како сака и кога сака, додека неговите апежи на градите уште ја жежеа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Едно убавичко, цврсто момче од девет години рипна од зад масата и нанишани во него со автоматски пиштол-играчка, додека неговата помала сестра, околу две години помлада, го правеше истото со едно парче дрво.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тапата болка во стомакот постојано беше присутна, само што повремено се намалуваше, а повремено се зголемуваше, додека неговите мисли, во зависност од тоа, се прошируваа или се стеснуваа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој седеше сосем исправен во својот стол, додека неговите моќни гради се издигаа и потреперуваа како да му се противставуваат на удар на бран.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На другата страна од просторијата, седејќи сам покрај една маса, еден ситен човек кој необично потсетуваше на бубалка, пиеше кафе додека неговите ситни очиња фрлаа сомничави погледи час на една, час на друга страна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Понекогаш Петре, ако заседнеа на работа, ќе го видеше Неби-ага како клања и на икинди намази, попладне, и кога овој ќе му ја објаснеше третата молитва во денот, која е меѓу пладне и вечер, ибн Бајко помислуваше уште на другите две што следуваа, додека неговиот пријател да си легнеше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И на коњот му беа здодевни овие катадневни мерења на патиштата, но задоволство наоѓаше со стасување во селото: додека неговиот стопан им пишуваше на луѓето, тој спокојно си пасеше по лединките погалуван често од рацете на оние што чекаа ред кај Фончета, а повеќе пати нахрануван и со зоб од оние што сакаа Фонче да им напише што поубава тужба или жалба, или ако претходното судење се решило во нивна корист.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Влегов низ вратата додека неговиот испрекинат здив ми го палеше образот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Тоа беше генетички условено. Тоа не можеше да биде припишано на човечка грешка, и во никој очигледен случај, на човечко зло.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој умираше од задушување постепено, со недели, сѐ додека неговата дијафрагма конечно не се престори во коска. Јас бев ужаснат и згрозен.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во своите дела: “The Philosophy of Andy Warhol” (1975), “Andy Warhol’s Exposures” (1979), и “POPism” (1980), Ворхол во голема мера кажува за себе, но на еден монотон, наизглед плашлив начин со кој си поигрува со нештата и кој стана негов заштитен знак - додека неговиот конверзациски стил се базира на општествениот репертоар од доцните години на дваесеттиот век.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа сум јас.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мотивите на Енди се секогаш опскурни, дури и тогаш кога се само-анализира.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И морето се повлекува и чека додека неговата фаланга поминува!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Тука беше неизоставниот Х.Х., потоа директорот А.А., додека неговите соработници не беа поканети.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И така тука не бил од времето кога уште пред години пријателот Муса кој подоцна се исели од Труција, го однесе на ручек во бањата во Банско каде што успеа да изеде осумнаесет јајца половина час варени во бањскиот извор на температура од околу седумдесет или седумдесет и пет степени, додека неговиот пријател Муса лакомо изеде цели дваесет и осум јајца.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)