Сѐ додека еднаш во болницата не заклаа едно поголемко животно.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Неколкупати одиш во театарот, не на претстава ами во бифето, додека еднаш не ја начекаш - седната на истата маса, но во друго друштво.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Не обрнуваше внимание на честото сушење на устата, сѐ додека еднаш, речиси во кома, итно беше пренесена во болница.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ако го сретнеме, мислеше, ако биде среќа да го сретнеме, ќе можеме да ја преживееме тука и целава зима, едноставно да си останеме овде сѐ додека еднаш не разјужи, а пак ако разјужи побргу, тогаш ќе можеме да си однесеме и дома, заедно со една добра свињска кожа, уште неколку килограми свињско месо, пресно и замрзнато. Ајде, си рече сега, добро, ќе видиме.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)