- Знаеш Радо, од денес вртиме нова страница во животот. - започна Томо додека заедно во дворот го пиеја утринското кафе. За чудо, овој пат беа сами.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Немоќта да го изменам овој ужасен свет во кој живеам ме тера стократно повеќе да го сакам ближниот свој - како затвореник, како соучесник, додека заедно ждереме кременадли во некоја мрсна гостилница...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Утрото, додека заедно со Иван слегуваме кон Бањи дружев со тоа смешно и по малку чудно чувство, дека уште сум во расправа со љубовните згоди што минатата ноќ сосема непотребно ме одалечуваа од сонот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Го советував него а всушност себеси се прекорував.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Имаше кафеаво – црвеникава коса постојано врзана во реп, беше слаба и висока како модел од Фешн тв и имаше лице налик на верверичката што се појавуваше во секој број од детското списание "Зорица", кое што Александар и Дарко го добиваа секој месец додека заедно одеа во забавиште.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Можеби и затоа му реков на Иван, божем со намера да му помогнам при неговото навлегување во светот на возрасните, дека непромисленоста не е секогаш најдобар сопатник, дека таа обично нѐ доведува во непланирани ситуации.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)