Така на крајот решив дека нема повеќе да размислувам за тоа сѐ додека повторно не се вратам меѓу луѓето.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Множење со нула
Не ме фаќа место, не сум овде
во оваа одломка престорена во космос
блудам и во отсутност преминувам
« тегоба во тегоба »
сѐ додека зборот не исчезне
и тој ли
осуетен, сетен
анаграм
сѐ додека повторно не се овоплоти
- помалку алегорично, повеќе пародично -
и не нѐ потсети дека меѓу двата света
освен двата
постои некој трет
за некој друг
не за нас
за минус еден
за минус два
за минус
сѐ додека
не остане
и не стане
сѐ
прааззззннноооо
ОО 00 оо
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Уште ќе им требам, додека повторно не ги закопаат сиџилите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)