И додека полека се отвора ризницата на портокалите исечени врз сртот на планината и додека го вадиме првото неочекувано ковче од мекото месо од телото на рибата, сега веќе во нашето тело едно ненамерно - намерно подбуцнување со зелено стапче мало ситно ништожно, го буцка нежното тело на вжарениот трупец и тој од покос се отвора пред нас со величествената светлина и топлина од неговата утроба, паѓа.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
- Крв да ви се стори! – мислеше Џ додека полека смрзнуваше во фрижидерот.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Навечер додека полека го испива коњакот, мисли на минатото во кое главно место имаат сите тројца: самата таа, мајка ѝ и нејзиниот покоен татко, поранешен трговец со сточна храна во Гдањск, а потоа сопственик на мал хотел тука, во Варшава. Влегувам низ задниот, службен влез на Холокауст центарот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Еве, тука си, така никогаш не си ме сакал, и го слушам срцето твое како чука додека полека ме љубиш, во светлоста ноќна на овој град.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Со изненадување и неверување се сетив дека уште додека полека се приближував кон вратата, ги чув чекорите на Сновалката.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
До извесен степен, веројатно, тоа може да се спореди со стоењето на работ од амбис без никаква сигурност, додека полека се навалувате напред, но од претпазливост имате некого да ве повлече наназад.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)