Додека се потсетуваат на она што стрејт-мажите го заборавиле и додека го реконструираат, додека свесно ги репродуцираат изведбите за кои стрејт-мажите веќе не се свесни дека ги изведуваат, геј-мажите неминовно согледуваат што е тоа што хетеросексуалната култура го смета за природен и автентичен идентитет – за облик на суштествување, за суштина, за ствар – општествена форма: изведба, настап, улога.
Има други фактори што објаснуваат зошто геј-мажите се склони да ја доживуваат мажественоста како општествена норма, а не како природна онтологија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)