Сѐ е пресметано: и средбите со блиските, доколку дојде до нив, и програмата... како во проклета фарса со многу диктирани и непредвидливи улоги на сокриениот режисер.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сигурно ќе беа ангажирани и вознемирени, но вешто сокривајќи го тоа, доколку дојдеше повикот до нив од мене.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
А копањето на бунарот за кој ми пишуваш, особено доколку дојдеш до водата, не би било ништо помало дело...“
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Доколку дојде до мешање на облеката и стилот на музика, тоа е лош спој.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Како некоја невидлива сила да им ја испитувала истрајноста, да ги награди со спокојство и негрижи до суден ден доколку дојдат до целта.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од тој простуден ден до крајот на двете третини на патот, близу до Благовештение и на неколку недели пред Курбан Бајрам, искушенијата непрекинато стеснувале околу нив обрачи, и меѓусебно понекогаш да се апат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Татко ми, како непартиец, знаеше дека ако купи коза прв би бил на удар, доколку дојде од власта строгата забрана за чување кози.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Кутриот, не ја разбира иронијата, си рече во себе, но сега за прв пат мораше да се огласи: - Другар Горски ве молиме вашите согледби да ги насочите кон живиот свет на Езерото, кон прашања битни за нивниот опстанок, доколку дојде до промени на составот на водата на Езерото, со градбата на хидроцентралите, со менување на текот на блиската река кон Езерото, вклучувајќи ги и јагулите, за што е предвидено да се преземат и посебни мерки.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Си земам за слобода да изнесам свои видувања како биолог и ученик на доктор Игор Лозински, за Езерото и неговата биорамнотежа, доколку дојде до градење на хидроцентрали и насипи на реката, се крене нивото на водите на Езерото со води на реки, чии тек би бил свртен кон него.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)