Со тага си мислам јас за тоа и не од болест туку од страв и грижи, небаре пустиник, уште пред изгрев, скитам и преповторувам: кога не можевме ние – тоа бог нека ги состави коските на мојата земја доколку има бог и – доколку остана земја.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Со тие зборови завршуваше неговото единствено писмо. Не раскажуваше никогаш за настани што се врзани за него, за неговиот живот, туку за луѓешто минале низ просторот и времето или, доколку останел, веќе се безначајни и непознати.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)