Инаку, овие парични средства, останатите колеги кои не тужеа ги добија релативно брзо и веднаш им беа исплатени!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Потоа ѝ прати кутија локум, та дури ја дотера до сребрен синџир со гровчиња и најпосле „саватлија“ прстен, со празно место за презимето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Таму каде што претходно живеевме вриеше од оние плочести, темни, влакнести лебарки, молневито брзи, а сепак сосема добро видливи кога исплашени од кујнското светло исчезнуваат меѓу подните штици и низ пукнатините на подот; во оставата една речиси дури ја бев фатила со прсти пред да избега фрлајќи преку скробот сенка, слика на исплашеност во мојата рака.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Божиновски е задоволен од пресудите, бидејќи ги има добиено сите надомести со камати, па дури ја оствари и можноста за повисока пензија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
- Мамо, мамичке, најмила мајчичке на светов, - се фрли врз неа, почнав да ја гушкам и бакнувам, дури ја соборив на креветот.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Тетка Перса, пред таа да се досели, ангажира молер да ја освежи куќата, дури ја праша случајно можеби сака некоја друга боја на ѕидовите а не бела, Не, ѝ рече Пелагија, те молам тетко Персо, не арчи се, за наска ова е рај наспроти црната дупка во која живееме.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
А, пак, за овој случај нашиот храбар соговорник има поднесено уште една (четврта) тужба, по којашто во моментов е во тек граѓанска (парнична) постапка, и за која искрено се надеваме дека ќе заврши во негова полза.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
— Дури ја гледам, вели, како да се враќам дома...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И си киниса, си дојде дома. Бидејќи никој немаше дома, Доста не можеше да го таи своето задоволство, та и сама почна да потпева некаква грчка песна и дури ја заигра.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)