А мангупот ѝ беше зел и мерка, па и алиштенца од мајка ми ѝ подаруваше за да ја поткупи, а таа одбиваше да доаѓа зашто почнал и да ја штипка и да ја срамоти, а тој само ја „мувал“ - така ми рече кога го искарав.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
О, месечино, светло на мојата душа не искушувај ме зашто почнав да слушам и она што не треба да се чуе...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Сепак, се оптоварив со толку многу варијанти, што веќе стравувам дека прикаската не ќе ја довршам зашто почнува да ме фаќа тешка дремка што ми ги прекинува мислите, ме прави да заборавам што беше тоа што го мислев а не го довршив.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Во еден момент Симон побара да се запре тракторот и со ортомата зеде да го врзува здраво ковчегот, зашто почна да се спушта назад.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
На ова место мора да ја прекинеме сказната за Ѓоко зашто почнува да заличува на љубавно Викенд романче...
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Сејмените не се даваа да бидат турнати напред, зашто почна да им ги пече лицата, та стоеја како заковани правејќи тврд ѕид од луѓе.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Овде, овие дни, беше така, зашто почна зимската распродажба со голем попуст.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)