зашто (сврз.) - сака (гл.)

Тахир бег, знаејќи за наклонетоста на Јанческите кон него и за да им се оддолжи за Мурата, од благодарност рече Пари јас им позајмив, зашто се добри и вредни раетини и зашто сакам да ги ослободам од чифчифството, а Максим Акиноски рече Нешто пари јас им позајмив, за да им помогнам да ја одгледаат Драганка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Секој од нас ќе забележи оти тие луѓе, за кои ние знаевме само од книга и ги знаевме како луѓе што сакаат да ни поможат да се ослободиме, ни се покажуваат нам за пријатели и сонародници и ни се присторуваат за наши покровители, не затоа што сме ние Грци, или Бугари или Срби, не зашто се грижат за некакви општонародни интереси во кои влегуваат и нашите, не зашто сакаат да поможат и да нѐ избават нас, а само со чисто егоистички цели, т.е. тие го експлоатираат тоа што ние се викаме со нивните народни имиња и сакаат, врз основа на постоењето на тие народни имиња во нашата татковина, да ја зголемат својата татковина, да ги обезбедат своите интереси со завладувањето ако не на цела Македонија, тоа барем на голем дел од неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Испокршија една луксузна кола пред мои очи, зашто сакаше да мине низ нивните редови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И одвреме – навреме ги префаќам ни сам не знаејќи дали зашто сакам подобро да ги соберам во шаката или од потреба да се размрдам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И без да го дочека одговорот, додаде, „Зашто сакам да ти направам торта.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој едноставно беше нетрпелив зашто сакаше токму оние што му беа најблиски нему да бидат и најдобрите меѓу луѓето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таа не знаеше дека зетот ја гледа цело време и дека целата ситуација му е смешна, но се воздржуваше зашто сакаше да го чуе крајот на приказната.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Имаме уште полни четири и пол часа - Тогаш, да причекаме... ...и чекаат... чекаат и понатаму... г-нот И. вари кафе а г-нот А. во својот филџан додава лажичка шеќер, зашто сака „средно накај слатко“... ги сркаат кафињата гледајќи го дневникот на А1...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
КАБИНИ
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Рана е тоа, жестока и парлива рана и тој ја копкаше, зашто сакаше да страда и да ја помати свеста во болката на страдањето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој ќе биде нападнат, во тоа нема сомневање, зашто сака да умре заедно со смртта на злосторникот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Гласно рече како да се плаши да не му ги чујат мислите, рече зашто сакаше да се оттргне од нешто: „Зошто не побарате друг? Заради пари?“ Се покаја.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Секаде”, му велеше, „само не повеќе тука. Оваа средина не е пријателска кон нас”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го сакаше зашто ним им ја оставаше радоста, додека грижите и осаменоста ги носеше со себе во кројачкиот дуќан, ја разбираше секогаш, а ја прекоруваше само со поглед, го сакаше зашто сакаше за сѐ да разговара со неа, го сакаше зашто го гледаше колку му недостасува мајка ѝ, а при тоа го гледаше како ги задушува емоциите кои излегуваа само во вид на повремени, несвесни воздишки.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не беше пресреќна ни со тие понуди, зашто сакаше да се вратат онаму кајшто припаѓаат, во Галиција, во Полска, во Германија или во Австрија, а им се случуваше спротивното: како семејство сѐ подлабоко навлегуваа во Ориентот, кој – си мислеше Гита Корец во бессоните солунски ноќи - него можеби го влечеше поради традициите што му се допаѓаа на салонскиот ционист во него, но и на сѐ повидливиот, автократски дел од неговата личност.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)