Се сврте кон собраните и, покажувајќи со рака на знамето, рече со глас во кој имаше нешто од гласот на нашиот комесар: - Ајде, Лабро, со Господ напред, почнувај ти прв зашто тебе за малку што не те задавија со оваа шарена крпа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Таму е темно и попелишта само од пресушени мориња Небото распнато на крст се ниша И глас од подземјето вие: - Лош знак е душата себе си кога се моли, И кога човекот остане само со сенката бледа, Зашто тебе во ова соѕвездие те нема – а те гледам, Некаде си – но, каде си, Андромеда?
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Дали поради желбата да го прикрие срамот од бојадисаните раце; или поради големите плодови; или затоа зашто тебе те виде а и ти засмејан гледаше во неа; или во прашање беше нешто сосема трето; знаеш, тогаш таа веќе беше во оние години кога и не си сосема сигурен дали детето ти се смее од нејзиното лице или пак девојката.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)