Крстици светлина Острови како храмови се извишуваат над морето по кое пловам а јас копнеам само по еден од нив на кој да се прибере мојот народ та само бесконечноста, морето и ѕвездите да му бидат граници и да гледам утринум секој со срп в раце како жнее крстици светлина зашто само тоа ќе ги израдува моите предци чија адреса е запишана во Светото писмо.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
О, потомци, островјани на бесконечноста, љубовта кон вас нè прави неранливи. * * * Немало потреба да се мачиш и да ми пишуваш, сине, зашто мајка, како Исуса, писмо не знае!
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Кутрата Ели, кој знае колкава потреба чувствуваше да се приближи кон некоја жена што ќе ѝ биде мајка, зашто мајка немаше, а јас, секако, многу малку можев да застанам на тоа место.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
И, додека сватовите ја полнеа куќата, комшиите ја полнеа улицата и се редеа по групи (кој со кого зборува и си има муабет, нели), па така, по двајца или по тројца во група, стрпливо чекаа да видат како ќе биде стокмена невестата и дали по нешто ќе се разликува, зашто мајка ѝ веќе беше раскажала по цела улица дека „ќерка ѝ ќе оди во град“ и ќе се мажи за некој што во куќата има мебел од некој што не знае како се вика (Луј ли, Муј ли, 15-ти, 16-ти... така некако).
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
На долгата маса, продолжена со уште три комшиски, и столчиња „шест плус шест“, на кои имаше ставено везени перничиња, сите изработени во домашно производство или „хенд мејд“, зашто мајка ѝ беше убедена дека за ракотворбите надалеку ќе се зборува, беше поставено послужувањето, кое и самото беше приказна за себе.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
КОСТАДИН: Ти, Зафире, зад ќошево! А вие двајца, таму скријте се!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Ах, света Пречисто, ти знаеш како ми е на душава. Чуј ме, зашто мајка сум му... (Паѓа пред иконата).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Дедо Баџак го именуваа со бате Благоја, кога разговараа за него, и говореа дека е добар што тој не ја продал куќата во Влае, зашто мајка ми и сестрите во тој случај би се чувствувале како да се откорнати од родното огниште.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Тогаш на чичето му се случуваше по неколку дена да гладува зашто мајката и ќерката забаруваа со пријателите.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Но сега Коле е редовен. Не изостанува, зашто мајка му веќе не оди по полето: работи по куќи, а со себе ја води и сестра му.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Стариот стана многу нервозен. Вика, се кара - без врска...“ Љупчо со широко движење извади цигара и запали.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Не нè покани. Не му побаравме. Молчевме. Ако не е другар, нека си пуши сам.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Требаше многу да се помага зашто мајка му не можеше сѐ сама да постигне.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)