Речиси разочаран, пак се најдов во холот на станицата, по потрага по некој сонародник, зашто наши луѓе можат да се сретнат на сите перони, на сите станици во Западна Германија.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Затоа е неопходно училиштето да ги научи децата да мразат, а тоа да не изгледа така, зашто нашата култура не може да ја истрпи помислата дека мали деца можат да се мразат едни со други.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Зашто нашиот учител Константин вели: Човек што се прејал мед, не се лечи со мед, ами со горко...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Можете да замислите каква хигиена било тоа за нас, ама не можете да замислите каква екскурзија на мозокот сме си направиле зашто нашата прошетка од 12 чекори нѐ чинеше двојна доза од гинипралот, што во превод значеше дека срцето ти чука како лудо вљубено, телото ти скока како да ти е астрално до плафон, а, што е најстрашно, на дежурство на доктор кој ни во сон не сакаш да го погледнеш, а камоли да ти го погледне стомакот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Од долу не се слушаше ништо, зашто нашето викање и плачење ја заглушваше и бучавата на камионите...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Војници, тукуречи во слични униформи шетаа по партините.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Во таа куќа се вселивме есента 1947 зашто нашата ја беа изгореле.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ние децата ја сакавме како да ни е наша баба, зашто нашите вистински баби останаа зад границата, едната жива, другата почината.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Затова сме сите христиани должни да сакаме: зашто наша живот ест на небо.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)