Детал, за кој немам време да го дешифрирам зашто веднаш се надоврзува на еден друг, од истото тоа патување: селската куќа со жолто знаме на покривот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Отидов на кафе во кафуле, каде што работев како келнерка само еден ден, зашто веднаш се префрлив во клубот.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Ако во неколку моменти престраши да се подзагледа, сепак ништо не виде зашто веднаш почнуваше да му се врти во главата и пред очите му стануваше матно.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Кога мислеше на тоа, му беше страв да затвори очи зашто веднаш во мракот се појавуваа ровови, а во нив телата на момчињата...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И зошто во оваа огромна маса луѓе тој сега не сака да се дружи со други, кои исто така се осаменици туку, кои исто така бараат некого кому би да ги искажале своите маки и чемери.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Орлите ја сакаат висината, широките пространства и тишината што ја дава планината.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Не доврши зашто веднаш го прекинав, прашувајќи го: - Мислите на тоа како сум запишан во црковните матични книги?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Најголема лудост беше кога неколцина од нив почнаа да ги собираат оние што ние ги фрлавме, зашто веднаш и со врисок се фаќаа за главите, раскрвавени.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Таа ме знаела уште од бебе, уште од првиот ден кога мама и тато ме донеле дома и веднаш сум се разболел, сум добил ангина.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Кога ме виде - ми се пристори како за миг да се исплаши, зашто веднаш стана но не рече ништо, туку само ги рашири рацете.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Јас се вознемирив зашто веднаш ми беше јасно што наумил.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Се раскомотив малку и се покрив. Барав нежно да ми пријде, а тој ја затвори вратата, ја заклучи и го зеде клучот.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Гури Порадеци ништо не виде зашто веднаш се зафати со маскирањето на чунот со кој требаше, вечерта, тајно да се врати назад.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)