зашто (сврз.) - веќе (прил.)

Вистината е дека тоа чусвтво кај него само се нагласило, зашто веќе си постоеше, сега сум свесна дека постоеше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Впрочем, ми се чини дека и Миќо сѐ уште остануваше со желбата да ја сретне еднаш насамо својата љубима, и тоа ми даде можност да го преценам колку тежи како противник, зашто веќе се уверував во тоа што си го помислував и порано, дека и неговата љубов е една убава перспектива.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Така кроеја планови двајцата пријатели, зашто веќе можеме да ги наречеме така, но кој да знае што им носеше иднината, и тоа најблиската иднина.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ама ја прифатив нејзината шега: „Растам“, реков, „ќе дојде колце на тркалце и тебе ќе те надраснам!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Потоа се поздрави со Влатко, Ташко и Дејко. Најнакрај се поздрави со Љупчо и со него тргна накај училиштето, зашто веќе ѕвонеше.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Кога? - си помислив. Па таа речиси го надминала Љупчо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се обиде да се поткрене од постелата но - се откажа. This is where all the stars bow down Еве, со истата душа со кој а цел живот копнеам по Тебе и со истите очи кои го паметат најскриеното во твојот поглед јас чекам и ќе чекам зашто веќе влегов во безизлез во кој треба само да се чека.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Мене ме паметат по гласот: искри светкаат кога ќе заповедам ова да се направи, она да се ограби или разурне.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И јас сега сето ова ви го кажувам вам, зашто веќе само вие останавте и нема други на кои да го раскажувам сето ова.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
- И сега? Го постави тоа прашање несвесно и излишно, зашто веќе му го знаеше одговорот, но сепак толку гласно што го слушна и Горда.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се врати внатре да си ги земе очилата, зашто веќе беше стар и без очила слабо гледаше, па излезе надвор на светлост и ја прочита пораката.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Во секој случај, веќе имавме можност да набележиме многубројни слични тврдења.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еве го Џон Клам, да се послужам со пример што ми е најмногу при рака.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Секогаш е тешко да се знае дали ваквите тврдења – кои веќе ни станале толку познати и кои настојуваат дека геј-културата е нешто застарено, дека е нешто од минатото, дека е нерелевантна за помладата генерација и дека е веќе ненужна во свет во кој лезбејките и геј-мажите, ете, можат да се венчаат или да се избираат за шефови на држави (барем така е на Исланд) – секогаш е тешко, велам, да се знае дали со ваквите тврдења се искажуваат факти или желби, дали се некаква сепнатост од откривањето неочекувани добри вести или, пак, се артикулации на некоја желба просто да ја снема геј-културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Младите настрани, ни се вели, лесно се вклопувале во младинската култура; не сакале да ги етикетираат, не чувствувале потреба за посебен, особен општествен свет и не се идентификувале со геј-културата.426 И добро е тоа, би рекол, зашто општествената цена на инсистирањето на сопствената различност од нормалните луѓе е баснословна кога немаш избор, освен да се интегрираш во хетеросексуалното општество – зашто веќе не постојат битни геј-алтернативи на стрејт-светот, сега штом урбаните инфраструктури на геј-животот се во голема мера растурени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Го пуштија во Прењес кај жена му зашто веќе не беше потребен.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сити сме и од тескобите и од тешкото време, особено во ова наше време. Затоа, пријателе, те молиме да ни ги ископаш очите зашто веќе не е за гледање, не е за слушање.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Името Бугарин во Македонија сега нема место, зашто веќе цели 25 години како живееме ние Македонците одделен живот од Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ѓорѓе ја одработи првата смена. Брзаше на салашот, зашто веќе беше задоцнил со орањето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Брзаше, зашто веќе доцнеше на автобусот паркиран пред училиштето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ако се случува во некое друго место, тоа место е како што е назначено во приказната)
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Полесно е да излезам да го барам тој мост, да излезам во потрага по себе и да се најдам како сега, зашто веќе изодев половина мост меѓу извици и аплаузи, меѓу „Албенис!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, станав копиле со времето, веќе не ја почитувам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Токму тој ден ѝ ја оставила и мачката, зашто веќе ги потрошила сите пари што ѝ ги оставил Сатурн.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Светлоста на небесната тепсија ми овозможи јасно да ги видам двајцата ловци на робови, зашто веќе беа на неколку чекори од дрвото.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Високиот гардист застана и ја подаде раката кон топузот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Мило чедо, кај ќе одиш - најди си ја твојата рода - и за сите носи абер - да отворат пат до таму - да сме со нив и со тебе - зашто веќе нема живот...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Шо има чудно? — го прекина Неда разговорот и ги зеде торбите со ѓумовите — зашто веќе тоа го знаеше. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И таа во почетокот молчеше, но подоцна му кажа дека сакала некое момче во селото со кое кришум се состанувала, кое ѝ било најмило нешто на светот, но тоа подоцна ја оставило, ја напуштило и зело друга девојка; му кажа на отец Иларион дека тоа ѝ нанесло силна болка во душата, дека не може да преболи и дека ѝ иде да се убие, да ја снема од овој свет, бидејќи за неа животот е веќе ништо, мачнина, патење; со ноктите се драскаше по лицето и телото, сакаше да го нагрди, да го раскине, зашто веќе не ѝ е потребно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ги измени и навиките за спиење зашто веќе не можеше да лета ноќе.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се колебаше еден миг, а потоа продолжи зашто веќе ништо не се чу. 49
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Наставничката Емилија им даде слободна тема, но врз текстот за Правата на децата, зашто веќе започна Детската недела.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Доброволци?“ Први се јавиа Влатко и Теми, зашто веќе во време на зимскиот распуст го подготвија материјалот. ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ужасно сакам да го избегнам тоа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ТЛ: Френк Херберт, кој е одличен, напиша книга сосема различна од Дина. Се работи за луѓе што стануваат инсекти во Портланд.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Како и да е, сега морам да напишам различна книга, зашто веќе читам некои критики кои велат, „Па, ова е добро, но претставува само уште повеќе од истото“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но, - ми се обрати мене, - друг пат ќе разговараме на таа тема, сега продолжи да раскажуваш, зашто веќе е доцна, ќе треба да си легнеш.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Поседовме уште малку во слаткарницата и станавме, зашто веќе беше темно, а девојчињата не ги пуштаат да бидат надвор до многу доцна.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ние се стуткавме меѓу нив, зашто веќе беше доцна, а надвор задува студен ветер, како да не е август, туку длабока есен.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Од останување насамо и од темница се плашеа како вампирот од први петли, зашто веќе им го имаа стравот на комитите кои и судеа и правда делеа.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сега дури и уште повеќе зашто веќе имаше јасна претстава за просторната разместеност на селото и мизансценот по кој се движеа селаните пред продавницата и по средсело.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)