Поимањето дека „гејството подразбира многу повеќе од сексуални партнери и практики“, дека „некои од својствените димензии на машките геј-животи (одат) подалеку од сексуалноста сама по себе“, дека она што ги прави геј-мажите поинакви од стрејт-луѓето лежи во „несексуалните димензии на природите на геј-мажите“ и дека машката хомосексуалност затоа може да се сфати како конкретно културна практика, а не само како сексуална, претставува клучно согледување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-научниците и геј-критичарите воопшто не се понесклони кон тоа од другите геј-мажи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа што решив да го започнам поглавјево расправајќи за неговиот приказ на културните практики на геј-мажите и наведувајќи ги моите несогласувања со него е зашто му се восхитувам на делото и зашто сериозно го сфаќам тој предизвик.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Бидејќи и самиот сум дете на стоунволската доба, инстинктивно и мене ми доаѓа да барам политички или општествени објаснувања зошто геј-мажите се такви какви што се, а не биолошки, психолошки или вродени причини, а сакам и да ја изнесам средишноста на истополовата еротичност во машката хомосексуалност, а не само настраниот или трансродовиот сензибилитет.
Фелоус наметнува полезен предизвик за стандардното постоунволско гледиште.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)