Зашто опслужуваше многу села, и зашто тука, покрај патниците и железинчарите, постојано на чешмата се војваа - во лето: волари, косачи, жетвари и многу други случајни намерници и безделници, а зиме: ловџии, дојдени дури од Прилеп и Битола за да ловат тука, во ливаѓето, во Блатото и во Чепиговски Мртвици, диви гуски и диви пајки.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И немој многу да зборуваш зашто тука во планињето и дрвјата и камењата имаат уши.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во ова крајче од ЕКСПО не се чувствува шум, зашто тука не минуваат трамваи и жичената линија, не се чувствува вриежот на луѓе што го има по главните алеи од Изложбата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Кога ќе се пристигне до највисоката кота, тогаш, како на дланка, се открива морето, сета бескрајност на морето, а некаде таму, во длабината на ширината се наѕира островот Тасос по зло познат од времето на војната, зашто тука бил лоциран фашистичкиот логор, а во него биле интернирани и многу Македонци.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Токму тука нашите луѓе ги поставуват шаторите, ги паркираат приколките, зашто тука уште не се наплатуваат такси, за ова или за она. Се сместуваат и - летуваат.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Утрото во Амстердам се разбуди со сонце и домаќините се радуваа, зашто тука тоа е реткост.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во овој јануари во Париз, сепак, беше поинаку, се разбира, пораздвижено, зашто тука се биеше битката за мир во Виетнам, се разбира во тајните преговори крај зелената маса.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тука бевме без здив, а не верувам дека тоа не го чувствуваше и Коле, зашто тука со колата просто лазеше.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Пред Домот на инвалидите имаше многу странци што чекаа на ред да влезат во овој спомен -музеј, посветен главно на Наполеон, зашто тука е и неговата гробница.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Димче и Павле си играа со топка попладнето, пред куќата на Павле, зашто тука имаше поголема ширина.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Пандо сврте глава кон реката, каде што жените переа волна, и рече полека: - Ајде, Нумо, да си одиме зашто тука остана смрдеа.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Кога стигнавме во селото се одморивме и гледавме како од сите страни пристигаат партизани, зашто тука се вршеше обука и подготовка за борбата.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Зашто тука на површината од брегот имаше слики со хеленски лавови и медитерански јарци, девојки со месо од песок како зрнесто злато и сатири што свират на изрезбарените рогови, разиграни деца, расфрлано цвеќе долж плажата и јагниња што потскокнуваат по него, музичари што пребираат по нивните харфи и лири и еднорози што јурат низ далечните ледини и кории, разорени храмови и вулкани. 82
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)