Можеби ќе проверат и кога ќе видат дека те нема, кој знае како можат да те казнат... рече со растреперен глас. – Изврши смена на стражата и врати се.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кога појде со стиснати усни низ стеблата, некој од селаните дофрли: „Оздрави и врати се, попе,“ тие танки, пајажести нишки не допреа до него, се распрснаа под зелените стеблаци и изгаснаа оставајќи ја недореченоста на луѓето да се грчи во некоја нивна внатрешна суводолица. Поп?
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ако воопшто постои дарба за прв допир ( прв допир и во нашата прва, и во нашата дваесетта, и во нашата педесетта година!) – дарбата го преобразува времето, ја возобновува и враќа возраста во зачеток, па како што времето не постои како некоја имагинерна и од материјата независна кондиција така и поезијата не постои надвор од времето.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
И, депилацијата е задолжителна, фарбањето на белата коса со евтина фарба, која по едно миење добива портокалов сјај како од к'на, па кога му велиш: „ептен ружно изгледаш и ти се познава“, те гледа и враќа: „Само дење, ноќе е другачие!“
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Неколку дена подоцна се собрани првите плодови: 2300 од попишаните способни мажи ги испративме на принудна работа во повеќе места и во фирмите на нашиот работодавец Милер и во нашата трудова организација ТОДТ.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Глупост. Наместо, за почеток, само да бидат попишани и вратени дома. Толку.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Има школки на кои им прилега да бидат вкотвени во вековите, вели уште неродената Венера потсмевајќи им се на баналностите на мултилингвалните туристички водичи.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Убавината само со убавина се разбира. Помни и врати, пак со убавина.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Тоа попладне Џон Биро дојде кај нас со својата чеза и ѝ го покажа на мајка ми коњот што бил украден и вратен. – Не знам што да мислам, – рече тој. – Коњот е посилен од секојпат.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Хулио Кортасар ДАЛЕЧНА Дневникот на Клара Аицети 12 јануари
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тој, еднаш заминат и вратен, со толку ум и идеи во главата, сигурно еден ден пак ќе замине.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
- Фати ме и врати ме во торбата! - рече рибата и плесна со опашката.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)