Колку повеќе ороспилаци толку повеќе релаксација и задоволство Пу пу скраја да е голем срам и бербат Макар што и ороспилакот таму се релативизирал Отшто бил многу широк и допирал многу однесувања и професии
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Излезе од градската куќа, со своето бело сари, порабено со сино, со блага насмевка, со поглед преполн добрина кој зрачеше и допираше до сите. И до Мајка...
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Компјутерот постојано ја осовременува интеракцијата помеѓу моето тело и синтетичкиот свет што јас го гледам, слушам, и допирам.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Осознаваше дека во душата се населени и оживуваше нешта кои тој потоа ги пресоздаваше, и допираше сѐ што беше создадено од Бога или од него.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Мојата компјутерски- проектирана рака ја досегнува и ја зграпчува топката.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Светлината допира во закнижениот прозорец и ги притиснува клепките и допира до разматената свест.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Но, она што навистина го изненади стариот професор беше не тоа дека кучето со поглед секогаш го следеше кога тој пребаруваше по библиотеката, туку тоа што кога седна во фотелјата и ја отвори големата книга на скутот пред себе, кучето скокна со двете нозе на фотелјата од зад него и се вникна доближувајќи му ја главата и допирајќи го со влакната на својата глава некаде по вратот како едно време покојната жена кога попатно му ѕиркаше во четивото, а што него благо го обеспокојуваше.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)