и (сврз.) - дреме (гл.)

Излага у кафич и наместо да комуницира со луѓе, го вади лаптопот на маса, иде на работа и дреме на нет, излага да прошета у природа, а паметот му е на фејсбук топиците.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Патуваме, патуваме... Отпрвин сѐ е интересно и убаво, а потоа очите заболуваат од силно гледање, па некој што нема многу грижи ги склопува очите и дреме.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
И дреме на Русија, вели Жења.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еден ден додека се печеше на сонцето потпрен со грбот на колипката и дремеше, чу плискање на весла и доаѓање на чун; потоа виде како низ трските се пробива кон него некаква жена облечена во црно.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Прапорците на колите ѕрнкаа рамномерно, децата замислени седеа, мижеа и дремеа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Патуваме, патуваме... Отпрвин сѐ е интересно и убаво, а потоа очите заболуваат од силно гледање, па некој што нема многу грижи ги склопува очите и дреме. На пример Сашо.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Си мислам така, и дремам. Каде, жено, сега?!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А срцето не ми дава да си одам. И дремам на врата, слушам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)