Сега, во едно напрегање, не можеше да ја совлада трепетливоста на зглобовите на своите остри коленца. „Шибај сам“, му рече Отец Симеон и тој сега, кога ја виде касата, претпазливо ја затвори вратата зад себе и зачекори.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Можеби, поинаку спакувано. Промени позиција. Пробај и зачекори без да го згазиш.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Не. Не се стрча Сане Сандин, туку подлетна, со леснина се поткрена над патот и зачекори во воздухот. Почна бргу да се оддалечува.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Погледнувајќи назад, тој забележа дека двајцата копачи го гледаат и почувствува дека тие гледаат во неговото колебање и затоа брзо се сврте и зачекори накај кулата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
- Да дојдам и јас, дедо? - Сам ќе одам! - пресече старецот и зачекори преку поточето, кон врвот на Гола Глава.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Би морале да успеат, разбираш! - А ние мораме ли? - Јас морам, а ти чекај ме долу! - рече Бојан и зачекори по стрмнината.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тогаш оној полека се покрена и зачекори кон нив.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тоа волкот просто ја имаше во својата уста неговата крв и трепереше од нејзиниот вкус, а во тоа имаше и една таква безизлезност, што тој не беше во состојба да не се подигне од петици, речиси маѓепсан од едно такво ужасно навестување на една ваква чиниш од самото дно на пеколот извадена и зачекорена и наеднаш толку необорива вистина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Претседателот и бригадирот Језекил ги преметнаа преку рамо своите пушки и зачекорија во снегот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се оддели од дирата и зачекоре на десетина чекори од неа, напоредно со неа, продолжувајќи да ја следи во истиот правец, но внимавајќи ниеднаш да не ѝ се приближи и не испуштајќи ја од погледот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Куно Бунгур станал и зачекорил сличен на човек што пошол да најде лек за својата мака.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ама тој буцкач и валиица еден ден ќе разбули. Почекајте, ви велам, пич е. Прашања, извици, споулавеност. Плач на смеата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)