Ми шепоти: доаѓам од кај морето а Хелен уште чека на брегот шета во залезот и копнее: на секоја самогласка од песната што ја пее светка по една ѕвезда а на нејзината коса еден славеј чека да изгрее месечината. ***
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Зашто Рацин е тој што нѐ учеше и сѐ уште нѐ учи како се боледува и тагува, како се мечтае и копнее и како се верува и надева во иднината на човекот и во убавината, волшепството и во моќта на зборот.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
И продолжи да чита: „Првите седмици поминати во притвор силно тагував и копнеев за сѐ, но најмногу, што е сосем природно, за своите најблиски, но не само за нив: тоа беше копнеж за многу конкретни нешта, атмосфера, средина, врската, ситуацијата, доживувањата итн.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Дента по блиските шини татнеа возови, шинобуси, пиштеа пробивно железничарски свирчиња, се сменуваа викови, песни, смеа, а стариот вагон на заборавениот колосек го гледаше сето тоа, слушаше и копнееше од мака.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)