Во собата се стемнуваше. Тој се сврте кон светлината и лежеше гледајќи во стаклениот тег за хартија.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Изнајмував лежалка за сто денари и лежев на силното и топло сонце.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Тихо е и лежи тежина врз темето и грлото го стега сувото попладне.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Сонцето било свртено кон грчот на неговото лице.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тие баздриѓани со бели валанки на глава севезден се молат за мене во своите аври. Игуменијата ја спуштила секирата крај него.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Старото предание било сенка околу која не постоело ни движење ни надеж и лежело врз нејзината совладана свест.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сиот вилает, сиот Балкан, станувал сѐ повеќе прогонета волчица скучна од сомневања дури и кон својот род и пород, бил скаменето животно со душа благословувана само од пеколот - се раѓа на камен, живее на камен, ги лекува раните на камен да биде еднаш живот или вечна смрт; лежат кратовските кули на беговите врз прастар вулкански кратер и лежи на ист таков кратер Лесново со својот манастир, истината лава се купите и излеаноста над Мрежичко под Кожув, над Добро Поле под сенката на кајмакчаланските облаци и на Стара Чука кај Стојаково во Гевгелиско, во преспанските води се огледува со тага варовитата Галичица, Крушово е камен на камен; бегале пред исламски зулуми Мијаците од Дебар, оние од Река и Власите од подалеку и кревале своја крепост, се криеле во ниски врби на смирени варовници и по прнари Брсјаците, но и едните и другите, и исто толку и многу повеќе господарите, ги секле шумите, се градело, се горело, им се носел лисник на козите, потоа од планините се урнувале порои скрка и ги покривале неговите житници, на тој лом да се множат жолтогрлени гуштери и црни скакулци со тешки утроби - се шират степски и пустински површини, земјата уште само со прнар се закитува.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Внатре, Здравко си послал едно рогузинче на подот и лежи. Така: ни заспан, ни разбуден.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Не сакам да одам непроменет, вели татко, не сакам кај господ со турски алишта, вели и лежи на гола рогузина.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И лежам крај неа, вели, целиот глибав, омрлушен и смекнат. Ко перница со плева, вели, ко раскиснат снег. Дури и коските ги сеќавам дека ми се празни и меки, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И лежам така, гледам во мракот што се стиска меѓу гредите, малку подугрејани од жарта во огништето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И лежам така запашкан, како туѓинец во постелата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)