Рогле, чувствувајќи ги нивните погледи, плачеше. Стоеше како скаменет и липаше. Но повеќе капата не ја ставаше на глава за да го крие рокчето.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Се завртува, како занесена, кога ѝ паѓа в очи вратата потрчува, но пред неа застанува неможна, и, закрепувајќи се на вратата, ја спушта главата на рацете и липа од плачење). (ЗАВЕСА)
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Клечи така и липа суво и не знае кој (неговиот утрешен призрак можеби) се исправа од грчот на преврелата снага што е и не е негова и оди и се враќа со стара стаклена ламба и ја крши од вратата и ја вади ронсоновата запалка од џеб.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
По неколку минути влезе Тина најоѓајки ја Томето како лежи во креветот и липа безнадежно.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
А и таа ништо не одменува, вели. Само го крие лицето и липа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
До тротоарот чучеше Ане со едно парче леб во раката и липаше.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ништо не знам, велам и липам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)