и (сврз.) - пивнува (гл.)

Ја вадев матарката со вода и пивнував, потоа го поткревав сенчилото на капата, која почнав да ја носам и дури кога немаше сонце.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Откако им ја објаснив целта на моето патување, малку се потпуштија особено помладиот, кој веќе неколку пати, откако ја испи минералната вода, го покреваше балонот и пивнуваше од ракијата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Меѓутоа, кога братот доаѓа на посета кај нас со малечкиот Љупчо, ништо не му споменува околу смртта на Лена, водат долги разговори за политика и пивнуваат ракија од малечки чашки.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)