Тоа е како „супербрз чекор наназад“, кој го извлекува и разделува предметот од неговиот конвенционален ентитет и класификација.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Таа сосредоточеност врз документарното битно го истакнува потеклото на предметот, а не татковството на неговото произведување.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Можеби и јас бев болката на нејзиниот живот, или бев онаа точка во која се среќаваа и разделуваа сите нејзини болки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мојата мајка Амалија Натансон уште била во годините на невините мечтаења кога нејзините родители, без да ја прашаат, го договориле нејзиниот брак со трговецот со волна Јакоб Фројд, кој веќе бил вдовец и тукушто станал дедо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)