Еве, се слуша како ја отвора вратата од претсобјето и слегува низ скалите.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Комитетот, притоа, потсетува на улогата на емиграцијата во политичкиот живот во Бугарија, каде што станала орудие „во рацете на бугарските шарлатани... орудие преку кое тие се качуваат и слегуваат од власта“; на нејзините “шовинистички слуги“ спрема Бугарија, Србија, Грција и Романија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Се губеше тој во темно-модрите кругови и од каде што наеднаш му надојдуваше ваква сила: ги витка железата на прозорецот и слегува, слегува по дебело јаже и јажето шумоли во дланките, меѓу нозете и градите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ќе дојдеш пак, важи? - Важи – ѝ велам и слегувам по скалите.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Не е лоша мајка ми – му велам на Игбал, кој ме чека во дворот на куќата, подготвен да полетаме и да ме врати назад во моето детство.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Пукни од свирење, велам и слегувам долу.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ај, да излеземе да ги побараме, си велиме и слегуваме сите на улица.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Јон го допива паурчето со ракија и слегува в пондила, да си ја тепа главата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ги разбудувам децата и слегуваме долу, кај кравата, кај магарето. Се пикнуваме во едно ќоше, се криеме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Капинка ја фаќам под мишка и слегуваме надолу.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го отвора таа ќепеникот и слегува долу во кледот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)