и (сврз.) - сотвори (гл.)

Во блаженом успением вечниј покој подажд, господи, усопшују рабу твоеј Велика и сотвори еј вечнују памјат...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но кога се вели: прекрасен си ти Господе и чудесни се делата твои, тоа е така речено затоа што секоја плот, твар и ствар е во својот род совршена, и затоа што секоја се наоѓа во тесна врска со другите створови и сотворена е за извесна неопходна цел.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Ај, попе и коските од децата, рече Уља Мегленоска. - Еште молимсја о упокоенних души усопшеј рабеј твоеј ... Како се викаа? - Ангеле. - Ангеле. - И Капинка. - Капинка. - Па Роса. - Роса. - И Здравко. - Здравко. - И Ѕвездан. - И Ѕвездан и сотвори им вечнују памјат, вечнаја памјат, вечнаја памјат, вечнаја памјат!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)