И едно по друго од другите жени два хора, одгласувајќи ко ѕвона, за животи редеа што рекол Кузман и сторил.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
— Нѐ истепаа ноќеска Турците, господин војводо, — му се поплака момчето и му ги покажа сињилата по образите и вратот од Расимовиот камшик.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И навистина така стана. Уште по полноќ дотрча еден од мелничани и стори абер дека аскерот излегол и се наоѓа во нивното селце, но никој не смееше да го разбуди Толета дури не пукна зората.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Господе, ако постоиш, чувај нѐ од најлошото и стори полни да ни се ранците со леб и топли чорапи да ни греат нозе, цокули дај ни здрави за да не газиме на босо, панталони и топли шинели стори да имаме сите, маршеви по студено и врнежливо нека нема, од бој да се враќаме неповредени, куршум да не не фаќа и лесни да ни се пушките и стори, Господе, што повеќе топол граф да има барем и со малку мевце, комесарот нека не вика и стори кодошите да ослепат, да оглуват и онемат... Амин...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Така и сторив. Пак запалив оган и сторив жар.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ги имаа своите шанси и сторија сѐ.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Така и сториле. Она што се спротивставувало исекле и изгазиле со бесни коњи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Јаничарите, веќе исплашени од султановата закана, се сетиле да ги соберат од Кукулино и од другите соседни села сите машки деца од четири до четиринаесет години - доколку ајдутот Парамон не им се предаде или селаните не ја донесат на тепсија неговата глава, тие ќе ги исколат децата и ќе ги обесат нивните главчиња на скопските дрвја, јаболка со мртви очи да се.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И сторете сѐ - по секоја цена таа да отиде в град и да се задржи таму колку што може подолго.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)