Богуле, уште пред да дојдат тие, ќе се качеше на петаврите од плевната и ѕиркаше озгора гледајќи ги легнати на сеното.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Некои се тргаа, а некои се криеја зад камењата и ѕиркаа, а децата се качуваа по дрвјата и по високите карпи да гледаат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Поодуваме вака, покрај штиците, и ѕиркаме низ дупките, низ процепите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Реката мрзливо ползеше крај колибите. Таа непрекинато се влечеше и се провираше низ камењата, коишто одвај се белееја и ѕиркаа во темната ноќ.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Бато, може да ми дадеш едно пенкало, моето престана да работи! – ќе му речам, влегувајќи ненадејно кај него, и додека да се сврти, веќе сум блиску и ѕиркам преку неговото рамо.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Сонцето како течно злато се разлеваше по водата, блескаше, ги опсенуваше очите; Висар тешко се приспособуваше кон таа силна светлина; од шумот на веслата дивите патки пркнуваа пред нив и се преселуваа понастрана барајќи мир и спокојство; Висар му го вртеше грбот на сонцето и ѕиркаше во водата која ги менуваше боите спрема длабочината на езерото и гледаше во јадиците и канџите што ги спушташе Трајан; кога ќе се занишаше конецот, Трајан го креваше нагоре, го собираше и му даваше знак на Висар дека е фатена риба; Висар трепереше од радост и ѕиркаше во водата да ја види рибата; кога рибата, влечена нагоре, ќе дојдеше во погорните води, ќе почнеше да разлетува и да шета дè ваму дè таму, правејќи секавични движења и обидувајќи се да го скине конецот; но колку што конецот се собираше и ја доближуваше до чунот, таа сè понемоќна стануваше, ги скротуваше своите напнувања, чувствувајќи болка од јадиците и канџите во устата; тогаш Трајан отсечно ја тргнуваше нагоре, а Висар го потклаваше оршето под неа и ја внесуваа во чамецот; потоа го проверуваа другиот конец и почнуваа да го тргаат и собираат; рибите скокаа во чамецот, пласкаа со опашките, подзинуваа по воздух, а потоа се отпуштаа и се смируваа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
АНА: Еве, овие се, се насобрале на пенџеринава и ѕиркаат да го видат вујка. (Жетварките се отстрануваат од прозорецот.)
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Се вртевме околу оградата и ѕиркавме. Но напразно.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)