А под тој прекрасен покрив, на кого сонцето слетуваше со своите волшебни шари, стоеше една сива длабочина, испреплеткана и затната од стеблата, со некакво модрикаво, крвјосано застрашување на понорна сенка, по која ретко можеа да се изнајдат и понекоја сина заискрена ѕвездичка на снежните кристали. Замина натаму, без двоумење.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тогаш одеа партизани многу млади и понекои постари луѓе. Одеа од по сите села.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Лежев и гледав во таванот како да набљудувам ѕвезди. Тоа беа рефлексии од џагор, забава и понекоја пијана мисла.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Признавам дека и јас сум од таквите: по неколкупати на ден ќе скинам од зелените.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Од мојот бостан, вели, иако знам како дише секоја лубеница, се случува да скинам и понекоја зелена“. И ете, како Кусакатскиот и сите ние.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во библиотеката, меѓу книгите на англиски, француски и руски јазик пронаоѓам и понекоја поегзотична, на пример, Чехов на унгарски или Кортасар на словачки. Solentinamska apokalypsa е издадена во 1982, во Братислава, во книгоиздателството Татран.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)