и (сврз.) - си (зам.)

Овчарот се изгуби, момчето што го донесе извештајот за амнестијата си ја нарами торбичката и си киниса, ветувајќи им на војводите дека нема да ги предаде на аскерот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги мијам и си шепотам: излези болесиште од коските во месото, од месото во косата и во ноктите и оттаму појди во реката и оди по река, дури да те изедат рибите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А ловецот ќе го гледа тоа во шумките, во заветното, велеше, и си трае, не ја крева пушката, не пука по никого.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си вообразува човекот дека таа е пред него и си бара.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така доктор Миха сам се затвори и си ги тргаше маките, колку си ги чувствуваше и како што умееше да си ги лекува.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога го турна, тој падна наназад и си ја изгреба раката од камчињата на патеката.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Го гледам и си ги потпикнувам рацете во ракавите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти свират гранати и куршуми, а ти ги замижуваш очите и си велиш: Ај, збогум, животу!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ни збор да не чујам! - и си ги облече влечките што одеднаш се појавија во дневната соба.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Еда ми помина, вели Давиде Недолетниот и си заминува. Мирче гледа по него и ја подгризува устата, го собира носот, ги стеснува очите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еве друго што ќе ви кажам: сестра ми Босилка седеше еден ден во двор на ругузината и си шиеше едно ѓерданче и од ругузината ѝ загина; по неколку дни невестата ми Неда седеше и таа во двор на ругузина и си везеше вдовичинска црна кошула, преденото со сета игла везарка и загина.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Но, веднаш забележав дека таксистот не се движи така како што е нормално, туку заобиколуваше низ разни улици и си помислив дека ја користи ситуацијата дека не сме тукашни па нѐ вози по заобиколен пат за да може да земе повеќе франци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој си имаше своја сметка и си ја правеше вака: Толку крштења, по два черека бели, прават толку; толку венчања по половина лира, прават толку; толку умирања — по бела меџудија, прават толку.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
– „Ја чекај да си позобам троа црвје, и така ми се јаде,“ си рекол Силјан и си влегол во браздите да си збира црви.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Си се насмеа лисицата под мустак лакомо и си заспа мирно и задоволно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
На ден Панделејмон си летнале со Аџи Кљак-кљак и со аџиицата, со децата нивни, и си отидоа во штрков вилает здрави и живи како што сакаше Господин Бог.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Зад индиго плавите завеси утрото, пушеше цигара и си замина.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
- Кажи и нешто на англиски, да те чуеме што си поднаучил – се шегуваше татко ми и сите тројца го гушкавме и го бакнувавме на аеродромот, што се вели уште – неслезен од авионот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас ќе се фатам за него, а тој ќе ме фати за раце и си пее: „Колку години и да минат, првата љубов не се заборава“. Некоја шпанска песна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Случајно сме се фатиле, му велам јас и си ги кријам очите од срам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„За која?“ - „За светата молитва“, велеше и кажуваше како еден ден се собрале сите светии: „Свети Никола зимен, Свети Мартин пролетен, Свети Илија летен, Свети Ѓорѓија есенен - и си цврцкале.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
— Шо ќе вида, шо ќе чуа па ти! Си залеа вода, и си киниса ваки со Јова и Бојана, — одговори Нешка и си забуцка да бара нешто во камарата над огнот каде што си ги оставаше своите работи: кончарката, иглите, калец или чорап што плетеше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но, тоа не значи дека не знаеш, оти знаењето не се мери во чекори; ако беше така, оној кој везден чекори и си нема друга работа освен да нѐ става во искушение, ќе беше најумен, асикрит на сите асикрити!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бев болен и мал момчак чии прсти тогаш не допреле женско месо и можев да знам дека и со маки ќе се исправам, ќе допрам врв на нож до грлото на килавиот Јаков Иконописец што пошол сам од Кукулино по нас да ја одмаздува својата споулавеност и да го прашам кој ќе го одбрани од казната за која треската ме определила, и можев да ги прашам засипнато другите по што се позрели од мене кога не процениле како и од кого горел Круме Арсов и кој е грешниот светец дојден да го убие волот на Цене Палчев или на Чучук-Андреј или на Осип Сечковски, не знам, на еден од луѓево чија желба е да донесе камења, два и тешки, за воденица со мрак под покривот што ќе е светлост само за призраците, и пак не станав од сламата на Никифоровата кола, еднаш со скршена, сега со втора оска, а небото не се уриваше со бучава како што мислев и не летаа ни врани ни пропаски, ни некои евангелски птичиња со црвени вратови и со грпки, само татнеше под нас земјата во која коските на мртвите се кршеа една од друга и нѐ предупредуваа да клекнеме и да се помолиме за црвите во нивната шупливост, и чувствував со ноздри дека ќе испука дамкавиот камен од кој се спуштија Онисифор Мечкојад и Јаков Иконописец и ќе пушти од себе стеблики со горчливо млеко во себе, меѓутоа слушав шушкаво дишење, свое бездруго, останувајќи бессилен под влажни сенки како под кожа на страшно голема гуштерица, и си реков не си веќе жив, сполај му на господа, сонуваш мртов сон обидувајќи се да мрдаш со прстите во опинците, си раскажував, а во тие опинци уште лежеше студот на водата од потокот што го прегазив кога се враќав од Мечкојадовото засолниште во забелот, во тој ден или вчера, пред сто години можеби, и го барав со внатрешниот вид на очите среќниот миг на детството од дните кога со врескање се прерипува баднички оган, наеднаш без возбуда да се сетам дека бев премал кога мајка ми умре заедно со мојата новородена сестричка и кога татко ми отиде и не се врати, едни да докажуваат дека загинал од димискија, други да се колнат дека се преженил кадрав и убав, животворна сила заради која и света Петка повторно ќе можела да се најде на земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Како те викаат, девојко? - праша тој несигурно. - Цана. Таа се исправи, почека еден миг и си тргна.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Векот време седевме и си зборувавме за бакрданик, за палеж, за варена тиква. Кому што му се јаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе видиме откако ќе се поовешчиш и ти како мене. — Заврши Јован и си стави задача да се послужи со Толевите парички бидејќи беше „танок" од таа страна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Влегувам дома и си зборувам со Ѕвездана, а пак сама со себе: - Е, ја испратив Капинка, синко, велам, си отиде Капинка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Имате многу убави песни“ – велеа и си потпевнуваа низ нос се додека нѐ заспиваа во нашата гостинска соба.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
По него клинка Дуковица и си шепоти: мене да ме нема, ќе ја запали шумава!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мери и си зборува: тепам, тепаш, тепам, тепаш!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Буљукбашијата ја разбра работата и си ја исполни задачата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Околу куќа, вели Јон,трипати околу куќа ќе куцаш, вели и си ја чеша брадата од рамото, како да трга грибло со сено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ме остави, предвреме ме остави и си замина. Што ќе правам овде сама?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ајде, налево круг! Ја истурив манџата на катот и си надробив попара со шеќер.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па како да се поутеши и си вели: „Шо сака нека носе, најпосле.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И си спомна дека тогаш уште рече: - Другари, владината војска се прилагодува на партизанската тактика на војување, а ние сакаме да се откажеме од неа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тоа ти е, како да ти речам... Го гледаш небото полно со ѕвезди и си одбираш една, ја гледаш, ја гледаш и си мислиш дека е само твоја и си мислиш дека ќе ти донесе голема среќа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Децата растеле. Царевиот син, кој бил со чергарите чувал говеда и постојано се качувал на еден висок камен и си зборувал: „Колку е убаво ова поле да се води војна на него.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И си го слушам гласот, како што го слушам гласот од бабинецот, кога врвевме крај општината Мицева во Дебел рид.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој седна отспротива и си нарача јадење. Беше гладен и изморен.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
— Доста си цукна двапата. — Прво дете не се кршчава на умрен дедо или баба, — се поутеши некако и си брка работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доаѓале баби треварки и белобради екими да ги лекуваат со секакви илачи, со тревки во јазовчево масло, им обесувале на врат лилјаци заклани со златна пара, ги прскале со крв од бели врани.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Станал од спиење Велко и си го грабна Силјан в раце, та си го измилувал и слатко си го целивал.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Утре дојди да ти раскажа шо те интересуа, — ѝ одговори кратко Тода и си влезе дома да види дали ѝ се вечерани и заспани децата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Не сум ти раскажувал таква бајка.“ „Сети се,“ реков. „Ми раскажуваше.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Си се смешкам и си велам: - Море убаво си молчиме ние интелектуалците, си велам и се плашам дури и да си ја чујам сопствената мисла.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Запалив свеќа во темнината на храмот и си влегов во сопствениот мир.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Далеку од очи, далеку од срце, нова категорија на врска, во која не мора да бидеш секогаш тазе исфарбана, а за на „скајп“ си ставаш капа или шубара и си муабетиш, или си недостапна.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
се фаќа за носот и повраќа, некој снебивлив и кревок човек, ние одиме и смрдиме, ни смрдат алиштата, ни смрди и дишењето, душата, одиме меѓу пушки и штикови в затвор, а таму - пак сослушувања, нови премрежиња, кај ви се пасошите, ни велат, ги фрливме в море, велиме, од страв да не бидат откриени, велат, не од страв, туку од радост, велиме, не можеш со ѕидон да се разбереш, ние кажуваме едно, тие прашуваат друго и ништо не помага, нѐ осудуваат на смрт со стрелање, мене, Стевана Докуз, Илија Јованов, Добри Закоски, Јоше Богески и Силета Плевнеш, Стеван се тресе, го собира срцето ко полжав роговите и олкави солзи му се тркалаат по образите, му паѓаат в уста, а тој само шмрка и ги подголтнува и идат две војничиња со муцки од глушец и со ситни очи како топуски и ни собираат сѐ што имавме купено: чевли, шапки, палта, панталони, обетки и прстени за жените, џепни сатови, пари, сѐ, еден зема, другиот ги собира на една мушама, ги подврзаа плачките и ни даваат белешка, што зеле, ја подврзуваат мушамата со крајовите, ја креваат и си заминуваат, отиде печалбата наша и седиме, никој не заспива, од утре ќе имаме напретек време за спиење, уште една ноќ живот, си светкаме со очите и прашуваме кој го фрли прв пасошот,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Наеднаш почувствував дека таква храна не сум јадела одамна и си спомнав за дома.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Месечината ѕирна уште еднаш низ прозорот, еден весел зрак се доближи до увото на Снежана, нешто ѝ прошепна во сонот и си отиде...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се потурчила и си рекла: - Згрешив ама, господи, змија му родила да му родам!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Јас се насмеав, тие се поздравија со мене и си заминаа прегрнати, а јас порачав наместо кафе, нане со ким. Како да чекам некого на чај за двајца.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И си ја собира раката со книжето. Го одвиткува. Ама не може да го отвори.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Татко после нѐ глави кај калуѓерите од манастирот и си замина пак во Преку.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
(Сите стануваат и си ги мијат рацете).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А утринава кога станав што ќе видам, потемнето од сите страни и си мошори.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
За Словените повеќе зборуваат од сите други народи, освен Србо-Хрватите и Бугарите, зашто сите други вистина поминаа преку Балканскиот Полуостров, но и си отидоа од него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Облите колкови твои се како веришки, дело од рацете на вешт уметник, папокот ти е како чаша тркалезна, никогаш без арома; утробата твоја – купа пченица, опкружена со кринови; двете твои гради – како две јаренца, близначиња на срна; вратот твој – како столб од слонова коска; очите твои – Есевонски езерца кај Ватравимските порти; носот твој – Ливанска кула, свртена кон Дамаск; главата твоја на тебе – како Кармил; а косата на главата твоја како пурпур; цар се вплел во плетенките; Оти ти рекла: положи ме како печат на срцето свое, како печат на мишката своја, зашто љубовта е силна како смрт; Оти: си ја зел за рака и таа те повела во вселената своја, во лозјето, во градините, меѓу кринови, меѓу двата нејзини колка, две веришки, две кули камени, во својата утроба, во купа пченица, па си ја познал буквата-девојка, и си го настанил семето свое во утробата нејзина ѓаволот што ја отворил за тебе, како порта што води во темен стан, во најтемна ноќ со јасни ѕвезди; Оти: си се разбудил одеднаш, пред полноќ, во прегратка на блудница жена, и си залелекал, си спискал, оти си видел дека буквата-девојка си стои негибната во клопчето од записот, невина сосем, недопрена од раката твоја страсна, и си сочинил, бргу-бргу препис на преписот; Оти: навистина си сочинил препис на преписот, со буквата девојка среде клопчето, и си ја нацртал уште поубава, и си отишол во западната одаја, и си сакал да ја оживееш, како Господ да си, оти само тој оживува и умртвува, подига и унижува; но ништо од тоа, оти буквата девојка, и сите други букви од умножението на преписот се сториле бројки, кога си го пречекорил прагот на одајата западна; Оти: си ме оставил мене, твое семе во таа утроба, и кога ме родила утробата на мајка ми, ти веќе не си бил жив, но братот мој, Лествичникот, знаел што бара новороденчето пред вратата на одајата на блудот и не ми кажал; Оти: се плашел од мене, оти од средето на писмото сум зачнат, од буква-девојка, оти сум Сказник и сказанија измислувам, и Мозаичник сум, оти скршеното го составувам; и се исплашил Лествичникот да не му го одземам првенството, па го сокрил родословието мое, да не знам кој сум и дека предодреден сум, како Сказник и Мозаичник светот на грб да го носам, на крстот мој!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нунката го испи кафето, истури еден кош благослови за детето, родителите и роднините и си отиде да го земе кај ручек време и нункото со подарокот за на крштевање.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Летале што летале и приближиле до некое краиште од земјата, слегле и си починале, си попасале тамо троа тревичка, чунки такво било местото што немало никаква животинка рана за штркови.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И така џенгот се свршил и штрковите наттепале, та си отвориле пат и си се упатиле за кај нас.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Имаше еден Илија од Призрен и си го слави денот. Дава некоја ракија од дивјачки и од дренки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така си оставаа „зад врата“. Но тоа ништо не им пречеше на Сукаловци и тие си одеа, си работеа, си печалеа и си имаа од сѐ по малку.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Песната гласи: „Дедо седи на грутка и си плете јакуцка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И си се чешла така Севда, спокојна, косата преку рамена ја чувствува како пердув лесна, а крај неа седи онаа жената, свекрва ѝ.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
— Што, како? — Така и така, велам и си ги стискам нозете, се стегам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Нема шо, било такцир: си го загуби изгледано детенце, ќе кукам како утка сам", — си рече поп Петко и се врати во Врпоко, каде што закопа еден мртовец и си ја најде мааната пред Србендовци кога го начекаа горе Становица да се враќа за Витолишча.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Беше жешко; се потевме сите, и сите беа среќни, а мене душата ми боледуваше по Луција, која седеше како самовила на ливадата, како пеперутка, како буквата „Ж“, иницијал од древни ракописи, меѓу своите другарки, дробни букви; беше најубава, најзрела од сите, вистинска буква-девојка, сета во црвено облечена; седеше таму и си потпевнуваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Еден ден Малчо си одеше по улицата и си мислеше: „Зошто не сретнам сега некој старец, волшебник и тој волшебник да ми рече“.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Му текнало на Силјана оти така е како што му рекол Аџијата и си отишол на другиот крај на куќата да седи.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ја притисна на градите и си рече во себе дека треба да биде претпазлива од тука натаму, приказната да ја направи поуверлива и никој да не може да ја расколеба.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
После, наеднаш, ја пушта и си заминува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се разбира, бракот не траеше ни цели 2 години, ја остави жената со дете, ја прокоцка куќата и си се врати дома - кај мама.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Не можев да определам дали е тревопасец или месождер, ми се чинеше дека во својата огромна алчост би изел и најгласен отпадок, само да џвака, голта и си го полни желудникот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Така си мислел Силјан и си патувал по патчето што го нашол.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
А ако сакате, - рече, - можеме да си играме заедно. - Можеме, - рекоа децата. И си заиграа заедно.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Стоиме едно до друго и си дишеме од уста в уста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Значи, навистина е писмото, сите другите се уверуваат и си помислуваат дека Костадин сигурно знае за него отпорано штом Максим му вели Земи го и штом тој го зема без збор, а кога Костадин го зема писмото, за да остане тутурката на земјата таква, одвиткана, односно за да не ја одвее развигорот, Максим, држејќи ја, му вели на Васила Митрески Нареди ги камењата на ќошевите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Утрото уште рано в зора стана калуѓерот, се прости со домаќинот и домаќинката и си тргна кон Старавина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мислам дека еден дел од лицето ми остана внатре, кај началникот: ми го кине ко крпа и си ги брише чевлите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ покошнал онака и си легнал.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но при вториот или третиот стих Пере тивко му шепна: „Се заоблачи, Апостоле“, и тој веднаш ја сврте на „Дуњеранке“, оти влегоа двајца жандарми и дежурниот полициски писар Јачмениќ, кој се врати од Солун и си го зеде пак старото место.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ти не го знаеш, брат Арсо, каков е, што ќе заповеда тој, како бог... (Го остава дикелот и си ја брише потта.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Навечер веќе пред портите на перифериските улици излегуваат жени и си ги чешаат јазиците.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Како можев така да мислам кога претседателот ене си седи во својата претседателска фотеља и си ги брка своите претседателски работи, а неговиот телохранител, Сатирот, стои пристојно облечен, со црни ракавици и со пендрек во десната рака што го удира врз дланката од левата рака.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не е чудно тоа што човек со човек разговара, чудното е тоа што старецот си седи сам пред колибата, се пече на нежното есенско сонце, гледа преку Гола Глава и си зборува: „Ама ајде, ти и лани не погоди.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Жеволкаат со устите и си прават гаргара.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Старецот стана, се накашла еднаш, двапати, промрморе едно неразбирливо „добра ноќ“ и си влезе во колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Бајката за птицата која си ги распорила градите и си го откорнала срцето откако нејзината љубена птица одлетала и веќе не се вратила.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И ноктите ни се кислосани од пот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
— Лесна работа е сега, лесна! — рече Крчо и си отиде Горно маало да ѝ го пренесе на Бисера решението на татко им.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Штом македонската интелигентна емиграција се состои главно од такви лица што си ги имаат соединето своите интереси со Бугарија и се оближуваат околу бугарскиот кнез, којшто по ќеифот си ги клава и си ги симиња министрите и којшто може да постави за министри не само луѓе што имаат малку популарност сред бугарскиот народ, но и такви што воопшто немаат партија и се „независни“, т.е „и тука го клаваат и таму го клаваат”, – штом имаме луѓе што мислат оти главното достоинство на човекот е не чесно да му служи на својот народ, ами да итрува, т.е. да лаже и десно и лево, – тогаш природно е оти новото течење во развивањето на националното самосознание на Македонците нема да сретне поддршка во нашата емиграција во Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Чекаме и си ја бркаме работата што ни е.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да не сум јас одредена, таа крв, со својата крв да ја вратам, И си мислам, дали и мојот глас ќе се јавува, ноќе, во долот и ќе ги потплашува луѓето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- И ова го рече тогаш на советувањето и си спомна уште дека посебно подвлече: Преминувањето во класична војна за партизанските кадри кои неопходно ќе се судрат со стручњаци и воени специјалисти, за партизанското движење ќе биде катастрофа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Откога беа го довршиле муабетот, легнале и си спале.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– Нека е на помош света Богородица – благослови калуѓерот и си го затвори тефтерот, па божем некако загрижен за овие добри рисјани што дадоа олку жито за Богородица, запраша: – Е, што мислите да правите ако ве нападнат пак Агарјаните? – и си го кладе тефтерот во торбата со имињата на водачите на бунтот. – Што мислиме, ние рековме, оче.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Таа бледо се насмевна. „Намини и посети ме кога ќе излезеш,“ рече и си замина.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Си беше еден човек и си садеше грав, пиперки и босилек, сееше ’рж и јачмен, ораше, влачеше, едниот вол му бегаше од браздата, и волот го тепаше по муцка, му пушташе крв од муцката на волот, и после муцката му ја држеше в раце и го милуваше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој застана дури за еден мал получекор понапред, се сврти некако вкосо, и си читаше мемолејќи со усните, зашто никогаш не беше свикнал да чита сосем во себе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сега тврдеше дека немал намера тоа да ми го рече; дури воопшто и не планирал да ми спомнува такви глупости, нему тоа што го рекол му се испуштило, и тоа сосема случајно; а потоа објаснуваше, објаснуваше...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Беше сме застанале вака пред излогот и си ги гледаме главите во него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само Ристе Куков истури неброени зборови на адресите на жените, ќерките и снаите на чорбаџиите и си киниса уште нерешено прашањето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нека никој не се осмелува да ми каже дека дури и за миг на потрошувачот му паѓа на памет фактот дека тој со отпадот што го плаќа и расфрла ја загадува околината и си го загрозува здравјето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
– „Ами за Сивета и Чулета како веруваш, бре татко, да за мене да не веруваш му рекол Силјан и си го собул објалото од десната нога та му ја покажал ногата кај што му била заварена“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Онаа нервоза што ми ја предизвика жената ми се враќа со уште пожесток налет и си велам самиот себе си: што не си се вратиш да си умираш во постелата туку и умрен не престануваш да правиш глупости.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Петар стана, се заблагодари на подареното време, го поздрави газда Таки со вообичаеното подигнување на шеширот над главата и си замина со тотално скршена надеж.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„Драги Илија, измина еден месец откако се венчавме и си отиде, но за мене како да измина цела година.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тој ја спушти кутијата и си ја избриша потта од челото кога влезе во нивниот ходник.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Еден од Дуковските косачи седеше во тревата и си ја клепаше косата, а другиот, сигурно помладиот брат Кирил, со стомна в рака идеше угоре, по патеката што водеше до стубелот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И си тераме: дали полка, Елено моме, казачок или берјоска.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Толку сакав да ти кажам, а како да не сум ти кажал, вели и си заминува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се смрачило и си го зеле мажот и жената Силјана, та си го однесле дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тој си ја симна шапката и си го избриша челото со синото шамиче. Долгите нозе му чекореа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Откога си поплакал Силјан на куќа на деветти марта за домашните, кога ги гледал и не можел со нив да зборува, на жалта згора си летнал од куќа и си ошол в поле да си ги види нивјето, ливаѓето, лозјата и чаирите кај што паселе говедата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И си помислија старецот и детето на изминатото лето, на драгите ликови со кои деновите им врвеа неосетно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И си го видов срцето сред слама, во една кошница за остриги! (Флобер во писмото до Жорж Санд) - Зарем не е банален тој глагол! – театрално се размавнува со рацете Хорацио Цвикало – Сакам палачинки со ореви!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Види си рожбата, будала една, немој токо влачиш в'на со умот. И си влезе дома да си го види детето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ја привлекол поблизу торбата и си рекол: Чекај да видам какви се урмите? ... И запалил свеќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По свршувањето на учењето може да биде и чиновник на пропагандата, но притоа тој ги мрази и си ја проколнува судбината што е орудие на една пропаганда, којашто си има свои цели, совршено спротивни на интересите на неговата татковина – Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Жените влегоа во црквата, запалија свеќи пред иконата на свети Наум, клекнаа на гробот, му се помолија, оставија дарови и си заминаа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Нечујно пријдов и таму, на прозорецот, ја гледам како со рацете на крст се држи и си ги стиска дојките, а со нозете го го прејавнала радијаторот и се трие на него загледана во мачките крај ѕидот отспротива.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сѐ му е сомнително. Ако му докажуваш, уште повеќе се разлутува. И си зборува штогоде. 228
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По тие зборови си ги спрегнале коњите и си заминале на пазар.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бев оден кај нив. Блиски бевме со баџанакот. Си одевме и си идевме без теклив.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Беше си пригодил сенце, шумичка за овците и козите, слама за говетцата и магарашките, та не пуштајќи ги на паша, бидејќи земјата беше бела, тој им скубаше сено од стогот и шума од лисниците и им фрлаше по трипати на ден и си лежеше испружен крај огнот во колибата, чурејќи си го лулето со убав канатларски тутун, што, заедно со лебецот, сланинката, сиренцето, грашецот и леќичката, редовно му го испраќаше Миша по комшијата Суклета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога дојде Христина тој се поздрави прво со неа, им ги бакна рацете на младите дами, учтиво ги поздрави и си замина.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Но, може ли да се случи навистина утре да биде невеста што ми се претскажа во руво невестинско? (застанува на местото кај што ја сонува и си ја претставува).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Црпиме грсти вода и си тураме на темето и во вратот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Старото предание било сенка околу која не постоело ни движење ни надеж и лежело врз нејзината совладана свест.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој ви го подава фишекот и си молчи, барате да ви даде уште еден, тој ви го подава и вториот и повторно молчи, барате да ви даде и трет, тој ви го подава третиот и тогаш ја отвора устата и проговорува: „Немојте да одите на театар, претставата е катастрофа!“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Исповеднички ѝ шепотиш. „Утрово издркав и си ја набљудував спермата под микроскоп.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Секој си ја гледа својата работа и си се реди како што му е згодно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Секаде ни ја гледаат само лузната, вели и си ја брише, си ја оближува устата...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Понекогаш кога го чуваше дадилката, секој работен ден од 9-16, божем случајно во плеерот ставаше некој од филмовите што неговите љубоморно ги складираа во пластично пакување и си гледаа на само.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
После, седум дена си лежел в кревет, си се исповедал и си се причестил очекувајќи да умреш.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Си бил еден човек и си носел една ракатка сено, една коза и еден волк.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Свети Аранѓел со крената сабја ни стои над главата, вели, и си одбира глави, си сече.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само си ја преапав устата и си реков, молчи Василке, за жал не можеш да помогнеш кога сѐ ќе тргне накај злото.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Лани од Италија дојдоа и во два камиони коските ги товарија во сандаци и си отидоа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се потпалува и си ја поткаснува долната муцка. „Море, мајката“, — си вели за себе. — Ами ваа пустина не била вдовица!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Боже, белки ќе го свртиш надесно, да се прибере, да си и изгледаме дечињата како сете еснафки" си помисли таа и си зашетка дома да си види ред домашни работи, за кои немаше никако време, та дури ни кркмите немаше време да си ги потсече; беа ѝ паднале до очи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На првата редовна служба Петко беше ракоположен за ѓакон, утредента за свештеник, и откако владиката го испраша дали ги знае сите поповски марифети, а особено откако ги брои Трајко дваесет и петте златни лири, нашиот Петко ја кладе в џеб „грамотата", си ја наметна шапката што му ја купи самиот коџабашија за спомен и си дојде в село како вистински поп.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Гребам и си дувам во врвот од прстите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И Уља врви и си вели, а детето плаче, ко ѕвонче во долче. Така до трипати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така тој ден Даскалот почна со сметање и бате Јоле стана од местото и си излезе надвор.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И си куцам низ ѓубриштата, под капајците. Кога не ме гледа Јон и луѓето, ја одменувам малку ногата. Забушавам. А после пак куцам со истата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се чешаат и си молчат. Кај што не можат да се досегнат, се чешаат по вратите, на столовите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Една приквечерина Преспа си ги налеала стомните, ги затнала седумте кладенци и си тргнала накај домата.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
колку патрони чеиз му донесе на Горачинов, ми велат, да имавме ракија, вели Горачинов, ќе ве викневме на блага ракија, и ќе фрлавме пушки, вели, свртете на друго, вели Ристо Коларов, здравувајте нѐ в образ, бацете ни рака, вели, не го погоди моментот, вели Горачинов, историскиот момент, ова не е свадба, туку свадбено патување, вели, дури си млад сѐ можеш да кажеш, што се вели, сѐ ти се може и сѐ ти прилега, и јас гледам како се стемнува и како цело небо ни слегло во морето, сосе ѕвезди и сосе месечина и си мислам дека сме тргнале по небото, сме се закренале на некоја пловидба меѓу ѕвездите, целата сум зашумолена и пренесена некаде, некоја голема умора ми се обесила на клепките, ми натежнала во коските, нешто гледам, а повеќе не гледам, како до половина да сум заспана, завлезена во сонот;
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никогаш не го прашував ни како се вика, ни што работи зашто еднаш или двапати го видов како стои во темен костум и бела кошула и си го чека директорот до автомобилот, а тој голем, црн и изгланцан, ја „мерцедес“, ја „БМВ“, не знам, па веднаш знаев дека е шоферче на некој голем буџа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Може никогаш суво место да не најдат, вели, и си ги забришува солзите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Домаќинките не одат по комшии, си ја чуваат куќата своја и си ги гледат своите работи.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- В ред. Само да направиме уште неколку анализи и си одите дома.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И си пее, самото на себе: Наташа од трето три, има очи бадеми...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Стана, се збогува со Адема и си отиде без да сече пазар.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И додека некои од селаните гледајќи ѝ го мевот, се потсмевнуваа и си дошепнуваа, дедо му на Богдан, татко му, мајка му, се радуваа што невестата им доаѓа дома проверена и со сигурност ќе им ја зарадува куќата и ќе им ја продолжи лозата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ни се налути нешто, велам, нешто многу ни се налути и си отиде. Ја викав, ја молев да се врати, велам, ама не се врати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
До неделата Толе си спреми понешто за дома и си тргна кон Мариово.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Собравме пепел од цигари и си ги светнавме забите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Шо може да биде тоа брборење, ако не маѓиа?“ — си заклучи Митра и си влезе зимата во разбоите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ми се слуша некоја птица да пее во шумата и си мислам дека сум отишла во некој друг свет, во некое друго време.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стариот даб се зарадува и си помисли: “Еве кој ќе ме развесели“ - па ги разниша гранките да го поздрави славејчето и рече: - Запеј, славејче! Развесели ме!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
На третиот пат невестата попушта, го обува едниот и по тоа другиот чевел и си ги брише солзите, оти ѝ ги врзале нозете во букагии, нема да биде веќе „пашито добиче“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедот Петко си влезе на малата врата и си отиде горе, се курдиса на тланик.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но кога ќе ја сретнам очите ги кријам, си свиркам, божем ништо не е важно, и си мислам: зар за неа јас да не спијам... Но свртен ја гледам долго и тажно...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ние се тутулиме и си го гледаме врвот од чевлите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Подзапирам и си велам: гробот му го знам, но болката остана непозната.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Седиме со шпанските пријатели во бавчата на Старата Куќа и си ја ладиме душата раскажувајќи дамнешни преживеалици, барајќи лоши стихови во песните на некои наши колеги или мајчосувајќи му ја мајката на современиот тероризам и верски фундаментализам.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Така ми рече Мирче и си замина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Размислувајќи ги овие зборови и друзи ноќта, Силјан уште во темни зори ја праштил в град и си ошол на еден ан кај што си одел секогаш.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Си зема сливи од таблата и си мези со ракијата. а таа пуста слива е блиску до патот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Дајте ѝ од овие тревје да се напие”, покажа Полин на китката обесена на чардакот што отпорано му ја даде на Профима и си замина дома на чардакот да си го пече лицето на сонцето, спокоен како ништо да не се случило.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Овде се разделивме со нашите од Делчево. Се поздравивме и си посакавме сите тројца добар пат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Е, што е убаво коњи да се потковуваат!“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Сѐ уште држејќи ја кваката, со блажена насмевка ги затвори очите и си помисли, како нема некој пријател, сега да му се јави и да му каже колку му е убаво.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Море молчи кога не те заклале, ми вели човекот и си заминува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Лежам така и си мислам кој ден е денеска, колкави се децата, што работат, што им дава за јадење Велика, како излегува накрај.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дедо ти Ное го исфрлиле од ковчегот и си направил лотка од стар весник. Дај што ќе дадеш.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И додека ги минувавме овие заснежени и замрзнати патишта, на ум ми идеше онаа наша поговорка - Пред Божиќ ... и си велев - нели ќе беше подобро да се седи дома, отколку да се талка по овие завеани европски патишта.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќето од прашаните одговарале дека сакаат полна кола со златници или пак ја барале златната царева кола.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ги гледам и си мислам дека се близначки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Недотепаната змија, рече, многу е поотровна од нетепаната. Се заврти и си отиде накај чифлигот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Војне се дошикал и си отворил работа: крадел дрва од брезничката шума и им ги продавал на Ливаѓани.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тие мислат дека сте шпион, вели и си го прифаќа крајчето од фустанот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се израдувал Итар Пејо, му заблагодарил на човекот за добрината, се качил пак на едното од нив и си свиркал од радост и ги терал магарињата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Се смалува и го снемува. Гледам јас по него и си мислам: овдека нешто не е чисто. Со отсуството негово.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Наеднаш нешто ми попушти и си плачам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Отидовме, ама без шише пак не оди. Ја истресе сливата и си седна во браздата. Се одвали вака.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мислам, мислам, и си велам: Не, не би направил. Би стегнал срце. Зар јас на Лена...
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Трајко отпрвин се позачуди на оваа Достина постапка, ама во својата простота си извади заклучок, дека жената е добра и радосна што ѝ даде господ „мешана киска“ и си ја продолжи работата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Потоа извади некакво шамивче и си ја избриша потта од збрчканото лице.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А бе, каде можеш на друго место да видиш разочаран човек со партиско знаме во рацете-знаме мава-глава крши и ем се смее и си пее.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Јас по вторпат су невеста и си и знам сите адети.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И си велам, ајде Јоне, со господ напред и со газот зад тебе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И си ги кине песјите нокти од прстите, си ги поткасува со забите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А јас сум седнала онака настрана, сум зела игли и јаток и си плетам со рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Затоа него го направиа сега „попче“ — додаде Толето и си излезе под тремот да ѝ нацепи дрва на мајка си.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со друг се прпелка по душемето и си го поти газот од рипање.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сеедно што, ако беше така, ако свети Јован Крстител го одвел Бошета, остана отворено прашање кое беше чупалето - Божја ќерка?! - кое беше лично како цариче и кон кое и сами Јанческите и сите другите се однесуваа како да е навистина цариче, (Јанчевци од залакот си делеа за да го облекуваат во коприна; дури и градски кревет му купија, го поставија во женската одаја, веднаш под пенџерињата што гледаа во дворот и на гумното и двојно ги зарешетчија), а тоа заедно со децата Јанчески и заедно со сите деца од Потковицата си играше и си растеше со ништо не разликувајќи се од нив, ниту во игрите ниту, пак, во говорот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во една пригода, Мајка си влезе сосема природно, во една црква, крај Езерото, и си запали свеќа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И како што плачам и си редам така, Уља, јатрва ми, ме шиба со лактот, ме тргна за ракавот и ми вели: - Запри малку, Велико, знаеш дека две деца ѝ предаде на земјата, вели, знаеш дека еднозадруго ги закопа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од тие зборови што му ги рече на Велета, беше го пуштил штркот Силјан и си одлетал Силјан на куќа.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И така со ред, со клетви и пцости во живи, во мртви, во мајки, во жени, ги убедуваа прилепските трговци селаните и си живееја добар животец.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ајде, бреј, побрзо да се напиеме! — викна дедот Пројче и си го крена дваесетпетдрамничето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Наготви, наготви што можеше ,и умееше најслатко и најблаго и си вели со умот: „Од питулици со мед, од сланина и кубаси со јајца има ли нешто послатко? И тоа со булиња и погачи на малото сито.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така одам јас дома и си мислам како ќе ме прегрнат татко, сестрите и братот, како радосно ќе се гушнеме, како татко ќе ме седне на колено, ќе ми погали глава, ќе ме стопли во својата прегратка, а сестрите ќе ми донесат топла манџа и многу леб, како братот ќе ги собуе своите топли волнени чорапи и ќе ми ги обуе, како сите ќе седнеме покрај распаленото огниште... а потоа како наситен и стоплен ќе заспијам во скутот на татко и утрото ќе се разбудам под топлото веленце, ќе се напијам топло овчо млеко...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Јас ќе одам прв во веце! - го слушнав братучед ми.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тоа таму му годеше: ја оставаш колата, влегуваш во барот на едно кафе, го испиваш, ги плаќаш и кафето и миењето на колата, а потоа стануваш и си заминуваш во измиена и исчистена кола. И однадвор и одвнатре.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Си летнал од манастирот и си ошол пак на село.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
По малку време излегла Босилка од куќа и си седна на ругузината.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
На разделба и родителите и децата го избакнаа мачорот и си отидоа.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
- Ги барам воловите, ми вели Стојна, ми ги забраа некои војници и си заминаа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Продужи да чистиш, вели, и си заминува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Заграби, им тури на маските, ги поискара да не се туркаат и си тргна кон огништето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Уживањето му се гледаше на лицето; некои букви му беа фаворити, до коишто кога ќе стигнеше, тој просто се избезумуваше: и си се поднасмевнуваше, и подмигнуваше, и си помагаше со усните, така што од неговото лице, би се рекло, би можела да се прочита секоја буква што ја извлекува неговото перце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
— Ај, доста голта мрсули, вели Ирина и си гледа низ прозорец.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И си мислам за Јона мој, за куќава без стопан, без сенка. И за нас, што се утариме ко наврнати утки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си наполнил Силјан едно шише од човечката вода и си го врзал на гуша, та си се сторил штрк и си летна заедно со Аџи Кљак-кљак, та дошол кај што беа збрани сите штркови.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Сега не верувам дека ќе нѐ стрелаат, вели Лазор Рогожаров и си ја чеша истрижената глава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја фатив за рачето и си појдовме дома. А таа беше молчалива и тажна. Тагуваше за отсечените елки.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А оти да умрам разбушавен, вели Лазор Рогожаров и си го растерува патецот надесно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чул Петковден и си рекол: кај четири, тука и петтиот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Зошто дојде, сестрице Велико, вели, не ми кажа зошто дојде, не ми се вдаде да те прашам, вели. - Заборавив, велам јас и си заминувам. 85
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Улерата си ја зела косата и си коси војници. Сите се заедно, а никој никого не знае, митокос, вели. 127
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Попот, читајќи, го виде Петрета во олтарот како ги носи поскурите, и од сред молитва: „Боже очисти мја грешнаго“ го праша Петрета: — Колку поскури се, Петре?“ — и си продолжи: „И помилуј мја!...“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И полнам котли вода на јазот, редам дрва, дувам во огнот, барам сапун, црпка, копанка, и си ја слушам душата. Ја слушам и ја збирам. * * *
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- На изгрејсонце сум се разбудила на еден зглавник со него, бабо, покриени со една јамболија... од една вода сме се измиле... во бела крпа од лебот и пиперна солца сум му врзала... и сум го испратила угоре сè до Самовилската ливада, до езерцата Пелистерски очи... по една темјанушка како нишан си подадовме - Ќе се вратам - ми рече - Ќе те чекам - му реков... и си замина отаде превалецот - како мама што си замина - накај Беласица...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ги тресеме вилиците и си укаме во рацете, си дуваме да ни се пуштат прстите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Крикна човекот и си ги тргна рацете од кај мене, ме испушти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред да се самоубие, исто така, ми рече, еве ти го пиштолот Волтер, сосе муниција.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Си направи потоа дедо Гога убава куќа со широки соби и балкон, купи за себе високи рибарски чизми, а за бабата шарена шамија и везени папучи, и си заживееја двајцата убаво и среќно.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Жената пак му се поклони и си отиде...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Си легна на каучот во дневната и си ја крена ногата на перница.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И си војваш со нозете: поземи, подај и падни.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таа ги фрли тие „ѓупските" (како ги викаше Илко градските алишта,) уште првата вечер кога се венча со Илка и си запука да си ги носи новите кошули од првата жена на Илка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пискаат, врескаат и си ја голтаат крвта од носот, од устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Растргнат од многубројните неуспешни обиди да направи слика, сликарот сега првпат осети нејасна радост од средбата со онаа непозната мома, која секое утро поминуваше со својот сад, му пожелуваше добро утро како на стар познајник и си одеше пак нагоре тихо, незабележано...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Кај си бе Трпе, се ожени и си еба мајката - му довика неговиот другар Климе, кој со останатите соселани кркаа контаминирана салама и пиеја пиво пред селската кооперација.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Какви паметни очи има, колку убаво чело.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Откога видел Силјан оти не веруваат, почнал да им кажува што му правел на татка си, како го поучувал татко му и тој не слушал, како се главил со дуовникот, како влегол во морето, како се нашол на долна земја, како правел муабет првата вечер у Аџи Кљак-кљак, како му прикажувал за старецот што го отепале децата и што колнал, како излегле двата извора од кога им изумреле сите деца од големата сипаница, како се сторил штрк и си врзал шише на гуша и како патувал од штрковата замја преку широкото море, како дошол над Плетвар и го окршил шишето, та си останал штрк и си дошол дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тогаш учителот и учителката ми рекоа: Милице, па ти си заслужила, убаво учиш и убаво пееш, а гледаш како си ослабнала и си дошла недооздравена.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Мурџо ги покрива забите, лесно скокнува до Пела, се погалува околу неа и си заминува на кај својата куќичка. Бате Дончо, зошто така се пулевте со Мурџо?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Збиваме и си го преземаме дишењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Донеси и смокви, вели Григор, смокви имам да ја натепам и Бугарија и Германија и... и си го поткасува јазикот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Божем жена му лично дошла кај секретарката во кадрово и си го кренала здолништето за да ја запознае лично секретарката Соња со кадровските умеења на нашиот кадровик Кире!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оливера ниша со главата и си ја истргува раката. 30.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Седиме група писатели во касните ноќни часови на кафанската маса и си разговараме.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Навечер го товараме магарето со пењушки и си одиме. - Со пењушки најдобро се вари грав и леќа, вели Велика, оти пењушката не гори, туку само го држи огнот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја слушам жената и си мислам: од каде ли толку расипаност во неа?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во следниот момент веќе тој лукаво му се насмеа и си ја избриша со белото шамиче потта.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Си ја ставив сликата во левиот џеб, веднаш до срцето, и си реков: засега е доволно.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Беше и си остана романтична будала.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Едно го виделе Силјана мажот и жената, ги оставиле косите и си проговориле помеѓу си со нивниот јазик и се изнасмеале.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Најфино од сѐ ми беше утринското кафе. Јас станувам и си ја знам работата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во темницата под покровчето си даваше сметка за преживеаното денеска и си поставуваше илјади прашања во врска со Крстета и нејзиниот живот со него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Одиме така и си ја мислам Оливера.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Околу нив летаат пердуви и си капе крв на снегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кражбата ти е исто што и занает - се делкал штичиња и си научил да прави каци, ковчези со срма шарани, па дури и чези.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Седнувам и си ја земам главата да плачам. Ама пак суво. Не можам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога се урна, кога стрешти, кога се дигнаа некои црни пепелишта нагоре, старичката само се прекрсти и си легна на земја: огнот барем земјата не ја гори, рече кутрата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Но што се случило? Тие поставиле динамит, ги запалиле фитилите и си оставиле доволно време за да се повлечат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Што убав брат имам, го гледав и си мислев.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Затоа пуста туѓина е тешка. (Очите ѝ насолзуваат и си ги брише).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Иако сето тоа ми беше покомплицирано си турав од топлата вода врз моето тело, шетав со сапунот по нежната кожа и си замислував дека тоа неговите раце ме милуваат насекаде.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Силјан дошол на амварче и си го отнал црпчето, да си се потурил и ете ти го човек како што си бил дома у себеси при татко и мајка, при жена и дете.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Поручаа со дедот Петка и си јавнаа по една маска.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„А работата остај ми ја. Јас таа работа на училиште си ја сакам и си ја вршам како шо треба и си водам грижа за децата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ѓузепе и другарите се поклонија длабоко на последната Челебијева насмевка, и кога тој се изгуби од балконот, тие тргнаа надолу до пред крчмата и си нарачаа по една ока црно тиквешко вино, за да не ги отпразнуваат своите балони.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Подофицерот се задржа, постоја малку колебливо и си тргна надвор. По него излегоа војниците.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Затреперил од допирот и си го поткаснал јазикот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се надлетуваме со орелот И му велам, И си велам: Крвта на твоите нокти Е одглас на стадо јагниња Што се белее во ноќта И се вселува под кожата на векот.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Милка ја лупна надворешната врата, потоа влезе во собата, си ја остави чантата и си го слече палтенцето. Потоа отиде во кујната.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се помислија, помислија, се договорија нешто настрана и си заминаа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога слушна дедот Петко дека од една лира нагоре што ќе земат ќе ги делат, го зајаде левата рака, и си помисли: „Аха! Ќе ве сошиа јас вечер обата, и тебе и Ила", и влегоа во Младеновата крчма.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Виде едно шарено маченце и си помисли: „Мачето да се претвори во кротко коњче и да ме однесе дома!“ Но мачето си остана - маче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Беше тоа една постојана глутница волци, што се шченеше и си живееше тука, во Белата Долина, и сега палавееше по снежната ноќ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пред него се велеше спроти сонот и јавето Ама тој прв рече спроти јавето и сонот А после рече сонот против јавето или јавето против сонот И шуќур што јас си живеам на евкалиптус И си брстам ментолни лисја таман колку што треба А ако живеев на секвоја Секако трипати помалку ќе спиев И во долгото јаве ќе морав нешто и да работам Скраја да е секвојата и се гледа богати
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
„Ќе копам три на три“, ми вели Јован и уште сега, претпладнето, си ја подзабришува потта од челото и си ја зафрла русата, права како праз коса, назад в десно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И си паднал човекот сосе мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите што нѐ пристасуваат гледаат по кучето наше и си плукаат во пазувите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ама од едно уво влегува, од друго излегува копнеж е тоа, еј, кај стои снег на летно сонце, а и нам не ни се стои оти таму никој на ништо не ти завидува, ни на куќа, ни на обушје, ни на облека, и си ги собираме пљачките, покупките, трчаме да фатиме брод,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По некоја недела беше останала жената му на Силјана сама дома и си седела во двор на ругузина та си везела една кошула со црна преѓа, како за вдовица; си везела и си плакала за касметот што го имала, дека без домаќин останала.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Јован ги мати сите од денеска за утре и си ја брка работата своја.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Прво што ми рече кога ме виде беше: - Кај си бе, Гонцо, ама си поцрнела и си пораснала! – Ова ми го кажа на македонски и јас сосема се смирив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еднаш ги рашири крилцата, како да сакаше да подрипне и да се спушти на снегот, но се предомисли и си остана на гранчето.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Колку еден саат што одил, пак нашол извор со вода и чунки одел прекутрупа, на многу места наоѓал јаготки и си јадел.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ја кријам главата ко желка под корупка и си липам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го остави крмнакот да јаде и си ја започна редовната вечерна работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Настана детска пискотница, старски молби, плачки, пцости, физички напади и расправии, но откаде паднаа неколку старци од јатаганите на семејните, децата беа собрани и со кадијата на чело, одведени и затворени во еден конак, а старците си заплакаа и си отидоа во своите села да им ја однесат тажната новина на мајките и татковците од пленетите деца.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
— Имал к'смет двапати да јаде јаребичко мевце, — и си излезе да види горе што стана со гостите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А само малку подоцна, она што го беше рекол дотрча да го одрече Мал Борче.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас бев многу малечка и си играв во песокот со Сандра или понекогаш се клацкавме на најниската клацкалка и си правевме „плескавици“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Седна на скаличките пред вратата што директно води од дворот во дневната соба и си ја фати главата со раце, мислев и косата од очај ќе почне да си ја кубе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Сега ќе ги ја кажам „Дедо седи на грутка и си плете јакуцка“.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Како кутре кога намирисува коска итаме кон врвот и си мислиме дека не се гледа колку весело ни вртат опашките.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Таа ја вртеше главата и си мислеше нешто.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И баба ѝ на Дора беше дебела, но не толку страшна, затоа што повеќе се смееше и си разговараше со соседите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Вели: „Трагата на ѓаволот не му ја гледаш и пак по неа одиш“ , велеше Лазор Ночески и тогаш се сетив дека кај нас е центарот на светот и дека токму над нас седи господ и оттука управува со сѐ што е на земјата, а тоа го дознав уште на одење во Америка, оти колку повеќе се оддалечував од селото, толку повеќе се оддалечував од центарот на светот, дека секој чекор ме носи подалеку од господа, понакрај од земјата: кон работ нејзин, кон нејзината провалија и си мислев дека ако појдам уште потаму, ќе паднам и ќе паѓам,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
5. Лежам така и си правам попис на животот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Куцаш нешто на тач – скринот, сам ја проаѓаш робата на бар–код скенерот, протнуеш картицата и си искачаш. Лепота!
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Потоа погледна кон Огнена и си ги истресе прстите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Цела божја година ти поминала, небаре некој да те подзапрел на патон, да те прашал нешто и си заминал. Толку.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секој нешто ќе даде, трепетеше Влаинката и си ги кршеше занесено танките глуждави прсти.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Мајка је дала изан да ојт, туку је дала еден тагар к'дели да и испредит и тој ден је рекла: - Ако не и испредиш денеска сиве овие кадели, ќе ти се сторам крава!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- А маштеницата, вели поп Танаско и си ги собира подароците што ги донесовме за здравје.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ПАНДЕ: (откако си ги измива рацете вади шамија од појасот и си ги брише, а потоа и устата и мустаќите).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ги снабдоа вепрчани дента со леб и Андон ги испрати по сртот Зелка, Ѓурѓишта, Трибор, Перун, Козјак, Добро Поле, Соколот, го фатија Кајмакчалан и си отидоа на мушата: Леринско, Воденско и Костурско, да се сретнат со Иванов, поп Трајков, Апостола, но без Цилета, бидејќи и тој падна во ова време како Пешковчето на ЛиЃураса.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас потскокнувам и си го прераскажувам сонот што треба да ти каже кое момче ќе го земеш, за кој човек ќе се мажиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не помагало, Проказниците се споулавеле. Најпрвин гризале дрвја и камен, потоа ги извлекле од кании сабјите на пашите и си ги испоклале жените и децата ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тетка Ана се препали. - Саше, Саше, што се случило, каде беше, што ти е, смири се, Саше, престани! – викаше, го молеше, го потресуваше за рамена, го прегрнуваше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И си почнувам: - За која куќа се спремаш, Капинке, капко моја попарена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се поприведнува токму таму каде што почнува каналот и си ја вовира главата во теснината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Не, за украс ми е“, вика Иван, и си го бутка назад.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Стомниња, бардиња, грниња, на ти тебе толку, дај ми мене олку, мора, нешто да сме згрешиле, вели, и царот веќе одел на дрва и на ќумур, вели, сега мечката свирела, а царот играл, стомниња, бардиња, грниња, од ќуспе масло не се вади, и шути за нас на мечката, ја јаде крлеж под опашка, вели, и царот садел компири, стомниња, бардиња, грниња, вика Толе Грнчарот и си шеколка по патот, се оддалува, како подиставен од умот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Најпосле си заклучи и си вели со умот: „Се виде, таа, џанум; тој ќе биде, крив, слеп“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Распратија понекој од селаните со задача да проверат што има — што нема по селата, но овие се враќаа со извештаи дека ништо особено ни виделе, ни чуле, освен трагите од зимошните зулуми.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Идеше војската, пукаше по ридиштата и си заминуваше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тие јадеа пченкарен леб, сирење и кромид.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Брго-брго се испрепелал над истурената вода Силјан, арно ама немаше да се натопи барем ич и си остана пак штрк.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
— Сѐ нешчо и виде, и чу безбеле. Ете, јас чу оти поп Петко, излегол од Жиовчевите и си дошол кај ќерка му Бисера, најсна ли било?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А и Свети Аранѓел уште гледа кон реката. Си стои на ѕидот од урнатото црквиче и си одбира луѓе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Откога се починале и се понајале, си летнале пак и си дошле во тие земји кај што си имале седела, та секој си тргнал во својот вилает, а Силјан со Аџијата и друзи се упатиле за кај Прилеп.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Радосни штрковите си тргнале и си се упатиле секој род и фамилија за својот вилает, а Силјан со Аџиовци си долетале во село Коњари здрави и живи.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ко пресадени дрвца, вели и си ја зачешлува косата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потоа трча со другите деца кон чешмите на големата чистинка, се плиска со студената вода, се прска со децата и си мисли: „Еј, уживање! Каде го има ова дома!“
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
За жал , загадувачот најчесто и си останува непознат - анонимен!“ ја убедуваше Иван.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Па, зар да го одбиеш? И така ... не го одбивав и си родив одвај три.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Квечерина некоја далечна камбана го ниша времето И гледаш нешто од тебе како се кине И си одминува.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Во собата, пет со четири, чекорев од избледениот гоблен до печката и пак назад, од час во час, и си ги броев чекорите. Неспокојно размислував во движење.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Птицата не се претвори во оса туку си остана птица и си одлета зад покривите на куќите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ја завратила главата и си зборува со ветрот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
БАБА АНЧА: Е де. А пак јас ја имав намирисано работата и си реков со умов „ако не можеш за ваму, нека биде за таму“.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Нека си зборуваат што сакаат. Ним работичката им е арна и си го тераат животецот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста ми е воа шо го знам. — И си остана на своето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Гледам дека позна жената и си признав.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Затоа и Иван не успеа да го врати Крстета со првата група бојци од II македонска дивизија, кои се групираа во Софија и си тргнаа кон своите родни краишта по цела Македонија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Најдовме и некои крпи и си ги врзавме, ко сведени шамии на главите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Оф, сонце, бамити сонцето, вели, бамити огнот, вели и си го брише лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Откога ја угасија светлоста и си легнаа, Пискулиев и Миле поминаа уште некое време во разговор.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ни гајда ни грло се има кај нас за песна - пред три години ни заклаа неколку момчиња. Тагуваме и си го носиме крстот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Политичарот може да функционира само како иманенција - поразен или победник, додека уметникот го опишува случајот творејќи го својот артефакт, а мудрецот едноставно го врти грбот и си оди, сѐ му е јасно однапред, едноставно го боли и за бабуните и за политичарите и за уметникот и неговите трауми. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 26
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Се склопи како папка во една единствена црта - кога нема растојание и си е едно - совршен коитус на брегот на океанот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Трчам и си ги слушам чекорите зад мене...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си договорив 20 дена во Институтот за генетско истражување во Бел Камен, па така, кога моите ќе заминеа на работа, јас си ја исполнував обврската кон образованието и си добив потврда за тоа, па и потпис од професорот, си полагав и си добив десетче, ама не пријавив дома.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Оде што оде и најде еден извор, та појде и се напи една вода; до изворот најде емиш зрел и си скинал та се поранил, оти беше умрел од глад.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Не се помрднуваше од местото. Гледаше во Аргира и си мислеше: Ех, мајстор.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Не сакам да ја видам, му вели татко, а не сакам и тебе да те гледам, му вели, и си пие цигара, се пули в земја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Приближало времето пак за кај нас да идат штрковите и тогај веќе Силјан беше се сторил мукает, та беше нашол едно малечко црпче и си го наполнил со од човечката вода и го врзал на гуша кога дошол денот за да кинисаат за кај нас да идат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Сувата плунка ли ќе ни биде помошен материјал?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
„Си го прегазил потокот и си го сретнал.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тије, мајка и ќерка, секога си седеле крај огнишче и си работале, си пределе.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Си почнал да пиеш, ти се вратила пак твојата стара болест и си почнал да измислуваш?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
— И гробовите ни ги земаат, вели, и од мртвите се плашат, вели и си плаче насуво, нема солзи во очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие си биле маж и жена и си коселе една ливада.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
ПОЈ(АВА) - „Пој е појава!“, рекол мудро Конески додека појадувал со П. Вулкански. „Личи на Витгенштајн...“, рекол П. В. „А ова, ви се допаѓа: една фантомска појава јава на ној низ умерено студениот појас!“ „Појасни малку... “, рекол Б. Конески и си го извадил појасот, толку непријатно му било. „Пој е појас за спасување!“, рекол за крај П. В. „Личи на Сивија Плат“, рекол Б.К.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Кај ручек време дојдоа и гостите, на чело со нункото Милоша, си поручаа од Митрините тепсии, ја пофалија Достината нова манџа и си отидоа да разнесуваат по селото за новините што ги воведува рожденката. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Турците ни ја зедоа земјата и си ја разделија меѓу нив. Ние се примиривме со таа загуба.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Доста, навистина, не мислеше веќе на убавина и на младост, ама кога го виде, срцето ѝ заигра и си вели во собе: „Е сполај му на господ лели су имала к'смет пак да ме обрадуа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И си кажуваме што ќе правиме дома. Кога ќе се вратиме, ако се вратиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ајде аирлиа, нека се живи, вековити, да се ќердосаат, некој к'смет господ да му даде“, и си продолжи да си ги брбори другите молитви, па дојде и до: „Исаије ликуј, Свјати мученици и Слава тебе Христе боже апостолом похвала".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И за вистина, синко Силјане, беа се сториле пилци и си пошле в поле да живеат по трњето и катаден еден други да се бараат и да не можат да се најдат и да се видат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Дали и тие се енергија? – праша Еразмо. - Да, суштествата и нивните чувства или живи духовности се појави и енергии кои протекуваат низ нив, доаѓаат и си одат, исто како ветрот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Кому не му чини, ене му и патишчата на сете четири страни, џенем ако сакаат нека ватат! — остро одговори Толе и си ја продолжи својата арамиска работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сам за себе си мрмореше и си мислеше како е подобро овде на раат да си ги изџвака залаците отколку дома да ги голта под надзор на неговата воинствена мајка. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Така е тоа: маваш со врпал и си ги соборуваш врз глава оревите на вчерашната темница.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Беличот се наведе и си ги собу чевлите, ги врза една со друга па ги префрли преку рамо; Мече сандалите си ги спика в џеб.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Борис со биноколот забележа како откон селото Будимерци се движи народ; препозна дека не се селани, ама не личеа ни на аскери.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со тие мисли Силјан си летна од Плетварско и си одлетал во село Коњари, та си кондисал на седелото од Аџијата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
На италијански јазик Челебијата поправи разговор со слугите и си влезе со Нешето да си ја продолжи својата утрина работа, да се погали стариот со младото росно робинче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во средината бев јас на својот Ѕвездо. Зад мене, на десетина чекори, јаваше и си свиркаше Орде.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Затоа тој рече: - Е па, кога на сѐ што ви кажам се смеете, тогаш нема повеќе што да ви кажувам! И тој тупна со ногата и си излезе.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ми се стори нешто познато и си тропам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И си тргна Димче полека дома. Но тешко му беше да оди. Го болеше главата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
По пет века Тицијан си го гледа сопственото платно со баретката на Че Гевара и си мрмори нешто сам со себе.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
- Ами немале ангел да ги чува, велам, и си ги собирам рацете од рамената негови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нашите се двечки, малечки, оти да си и даваме! — Се опули во Митра и си рече: „Та м'сна м'ња, песјачко една!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ми даде ќебе и си ги слече чизмите иако јас не му ги барав. Кога ги облеков таман ми беа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Излегоа на падината над Пишишки Камен. На зелената падина, под високите буки, на тревата лежеа и си починуваа многу партизани.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се позами, се позачешла — колку да му помине апешот во главата — и си ја зеде торбичката велејќи си сам за себе: — Требе порано да се оди, оти литургијата трае два саати (ако не ги прескокне половината молитви, што си имаше обичај), утреното еден, а после . . . ете има три четири кршчења, секое по черек саат, некој и друг парастас .. . денеска ќе се има баја работичка, — и пак си промрмори, навраќајќи долу Катината улица: — Нека даде господ, нека даде: кршчење, венчање, венчање, па и умирање!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ене го во камарата, во малиот олтар, — одговара Петре и си продолжија сите тројца со работата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зашто, секоја голема љубов почнува со три мали лаги.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Слегол од амбарче Силјан долу и тргнал за дома да си влезе, чунки рано било и малку времето расипано со дожд и лапавица, била уште баба Марта, та домашните си седеле крај огон и си се грееле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Та таа и без тоа ќе појдеше, ама вака со „изим“ многу попријатно ќе ја поминат ноќта со Толета во една постела. Му го наполни шутото бардаче на Трајка и си отиде кај „бацка си“ Толета на чардачето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги одврзувам кравата и магарето и си ги земам децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми се стори дека долго мрда со усните пред да достаса до мене збор.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И дуваме, гаснеме, а пламенот само се потсилува и си оди уште понагоре, по конецот. Како со раце се искачува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога врвеа пред училиштето, луѓето погледнуваа кон војниците и си шепотеа: - На царот му била боса главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас самувам сам И ти велам И си велам: Отровот во бои ќе го разлеам Виножитото во рамка ќе го зберам И ќе те создадам Низ нова фабула Во Големата Книга Што немее Со мене Во мене.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
„Откако ја голтна бабата, волкот облече ноќница и си ја стави нејзината капа“, ха ха, каква травестија, боже, и тоа тројна, сексуална, зоолошка, дури и генерациска.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Митра отвори, зеде еден сомун чист леб, го кладе на софрата и Доста си ја крена и си ја занесе пред машките. Со клавањето му вели „добре дојде, дедо Петко", а и на Илка да му го врати намигнувањето му вели: „е добре дојде и ти Илко", — и му чкрапна со левото око.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Царствата пропаѓаат полека, отмено.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Пере слезе в град да се крие и да работи на подигање духот кај старите работници, а Ѓорче намисли да отиде во Битола.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мајка им носеше сѐ уште топло дулсе ди мансана, благо од јаболка што мирисаше уште од далеку, а татко им се смееше и си тураше вино во чашата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сега фустанчето го крена уште погоре над колениците и си се загледа во белите ципи на нозете кои беа прилепени една до друга како образ до образ.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ама лулашките почнаа да стануваат здодевни.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
За време на неговиот патронен празник, Свети Арханѓел Михаел, во нашата прва куќа во Куманово, која ти ја знаеш и си стои жива-здрава на своето место, во центарот на градот, се собираа голем број гости, како за Божиќ, така и за Велигден.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Децата го гледале и си мислеле дека малото маче си игра со своето опавче, зашто многу мачиња си играат така, го гледале и слатко се смееле.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Како да си пливал против струјата која те враќала назад, независно од тоа колку силно да си се борел и потоа како да си свртел и си се препуштил на струјата, наместо да ѝ се противставуваш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Гледа којзнае каде и си свирка. Одвреме-навреме подвикнува: - Еј, Робинзоне, каде си?
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Тој сметна капа и си ја подаде раката: - Дозволете да се запознаеме. Франц - бивш народен учител.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во ходникот седнала една дебела жена и си јаде бел леб и кашкавал. Ја преполнила устата, ќе ѝ пукнат образите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некои завршуваа работа од прва, додуша ретко, а имаше некои кои веќе ги имам видено два-трипати до сега, и си викаме „здраво“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
— И се опули во Нешка, во Крстета, пак во Нешка, и си заклучи со умот: „Ете, како шо нарачаа нарачниците на третата вечер: „да расте и да порасте, убава мома да биде, попова снаа да стане, на младо ѓаче невеста".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се вртам така колце и си го закривам лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си ја гледа некаде пред себе Теменуга и си зборува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Утре – нов ден, нова нафака: на лаѓата за Венеција ќе протнам некоја ведра песна, преку девет мориња скришем ќе испратам и врзоп карипски насмевки - само црна мачка да не ми го пресече патот кога папсана се враќам дома и си мислам дека навистина сум продавачка на синолички на плоштадот Свети Марко во Венеција.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Да не си се препознала, Велико, вели. Јас ја изгледувам и си ја свртувам главата. И повеќе никогаш не ме праша за Неделка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дошол до некое место и си рекол Итар Пејо: „Море да не загинав некое магаре. Да ги пребројам.“
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Се стрчувам по удолницата, исто како автомобилот, кој се симнал од тротоарот и си се возел сам удолу, поминал на другата страна од коловозот, се качил на тротоарот отспротива, ја срушил оградата и се паркирал во дворот на една куќа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ги пикна во дисаѓите, му се очекори на коњот и си замина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Окованите патем се плашеа и се радуваа. Одеа колку што им дозволуваа тешките пранги и си мрмореа тивко меѓу себе: – Сега ќе биде што ќе биде – ѝ велеше Јован на Сирма. – Ако те ослободи тебе султанот како жена, за мене да не жалиш.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тогаш добро, - вели баба му и замолчува, а кога Зоки посакува да јаде, чинијата со јадењето таа му ја става на столот и си оди.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Доста се понамршти и си вели во себе: „Просто име, Стојна!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Си потпушта солзи и си ги забришува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Играше, трчаше, скокаше Потоа легна и си заспа како дете, Бог благ сон му даде под ѕвездите - И сега слатко си сонува.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Работам и си мислам: може пак ќе си ја поврати ликата човекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тие две пилиња и ти сам си ги видел и си ги чул, синко, в поле кај си стојат по шипјето и глогјето и си пеат; едното си пее: сиве, сиве, а другото – чуле, чуле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Бидејќи сестра му од Силјана била свршена, си седела во двор на ругузина и си низала едно ѓерданче од стари рупчиња.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И така, мој Пандо, нашинчето си дознавало што е и кој е, не од дебелите книги и од учените луѓе, ами од надгробните камења, од гробовите останати по карпи, од зарезите направени со кама или штик во стеблото на буката, дабот или борот, од нишаните што останале од нашето постоење во кое не битисавме и од времето што го броеја само по лошото, само по крвавите траги што ги оставал тој што доаѓал и си одел...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ме издадоа нозете и си го наседнав опавчето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си ја држи главата и си шепоти: - Дури бев млад, вели, мислев дека секогаш ќе има време за она што го немам. 231
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Е, добро што сте добри, вели вујко, така и треба, рече и си отиде. Толку беше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој е нивното духовно богатство. Тој ги соединува и си оди.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Скокам и се тресам и си ги покривам срамните места со рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се удираме со раце и со рамена и си ги налегнуваме сенките една преку друга...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Затоа човекот и во работата бара и си создава другари, и во радоста му се потребни другари, зашто заедничкото радување е она вистинското радување.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Се поднапија и по некоја чашка винце и си легнаа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
19 Спаиите како спаии, не се вјасаа многу. Тие дојдоа и фатија ќатипи, ги испишаа снопјето и си отидоа назад во Прилеп, да ги чекаат селаните со понуда за откуп.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На секој убиен подлипнуваш и си го собираш срцето. 22.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оттогаш кога на небото ќе се појави авион, Гошко ја крева главата, го гледа, се восхитува и си вели: - Одамна, кога дедо ми бил дете, немало авиони.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Се оттргнува од неа и си заигрува низ дворот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)