И тоа беше дома... Дома... Дома беше и старата исчадена икона на Богородица обесена во ќошот и масленичето што без престан гореше пред нејзиното лице и молитвите тивко шепотени – за здравје и бериќет...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Брадарите се чуваа во гостинските одаи, сѐ додека сами од себе не се растуреа, а крчмарката, за среќа и бериќет, од главата на домаќинството добиваше на подарок огледало, белило и црвило.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во малендавите пламенца на свеќите потулено и со стравопочитување да ги искажуваат и редат молитвите за исцелување, добрина и бериќет и да чекаат во надеж дека Горниот ќе ги услиши и ќе им ги олесни маките, болките и болестите; да кажат сполај Господе, ако се роди бериќет, ако се врати здравје, ако дојде принова, ако извор протече, ако дожд заврне... да искажат молежливо клетва, ако...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сполај Богу, вели, земјата е плодна и бериќетот го откупува државата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Таму по богослужбата седнуваа верниците и жените од накитените сапетки раздаваа за душа, за здравје и берикет; ја нема камбанаријата и камбаната виси на подгниена греда; на таванот го нема Пантократорот – Христос кој од горе со раширени раце бдееше и чуваше од лошо; го нема престолот и верниците ги нема...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ми се доближи деверот, ми ја подаде картата со вино и со темен глас кој излегуваше од длабините на земјата, рече: - Наздрави Караѓоз, на младенците наздрави, посакај им среќа и бериќет.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)