Го дочека изутрина лебот и бравите, ги натовари на пет коњи и нарача за другиот ден пак толку.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тие го видоа караулот, а и тој ги виде и ги дочека да му се приближат: — Вила, другар, вила! — викна од десетина дваесет метра Тоше, што караулот го умири и одговори: — „Вамо", другар „вамо", ајде, побргу влегувај во растот да не се парталиш на пресопта.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Затоа јас велам да чиниме абер еден во Маково, еден во Старавина ноќеска и утре место леб и брави да им се поткаже аскерот откон Острилата... ќе фатат горе „Висока" или „Смечот", ќе се истребат откај нас, ете не сите спасени од бељата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Јашмакот се колнеше во чеканот и калапите што го хранат; Милан куманџијата — во дувалото што го дува огнот за да се стопи среброто со кое ги посребрува павтите и скопците; Рампо чешларот — во биволските рогови од кои ги прави чешлите; Желче — во сите свои деца, макар да ја немаше уште видено мајка им; Даме кожуварот — во сите јагниња и брави, од чии кожи ги правеше кожувите, а Мамуд ковачот — во чеканот и наковалната, на кои ги шерпаше клинците и плочите за свадбарските коњи и магариња.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Е море, ќе проштаваш, Толе, за утре, туку излези денеска од село! — си помисли коџабашијата во себе и отиде кај поп Ристета да се посоветува што да прави да се спаси селото од очигледна пропаст.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)