Во светот на Хаосот и бучавата, чистиот сигнал на музиката во најминималното средство ја концентрира најголемата моќ.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Нејзината волшебна молба за куќата го погоди Даниел во срцето, иако таа желба не одговараше на местото и на огромниот индустриски град, меѓу вревата на блискиот автопат и бучавата на авионите што пристигнуваа и заминуваа од аеродромот, што се наоѓаше само на неколку милји на запад, и бучавата на пиланите и фабриките кои како сртови се издигаа на нискиот планински венец, помеѓу градот и рамните предградија.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Населба на богаташи, оддалечена од градскиот центар и бучавата на градската сиромаштија. Беа празни. Оставени на забот на времето.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)