Запечатениот свет во кој живее тој во таков случај би се распаднал, а стравот, омразата и вербата во сопствената исправност, од кои зависи неговиот морал, би можеле да исчезнат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Многу повеќе тоа беше поради една потајно негувана верба - или можеби не дури и верба, туку само надеж дека О'Брајановата политичка исправност не е совршена.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Со револуционерен дух каков што беше и вербата во советскиот комунизам, не знаев каков пат ќе избереш!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сѐ, токму сѐ, во тие мигови ѝ замириса на радост и среќа. Надежта и вербата стоеја на дофат.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
На Венко му благодарам за указанието, охрабрувањето и вербата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Како што во светото надворешен за животот на билките нужни се и светлина и топлина, така и за читање на словата е нужна, освен знаењето, и верба.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Немам разбирање за сите, кои ја искористија нашата младост и храброст, нашиот елан, јунаштво и верба...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тука беа и пријателството и љубовта и, другарството, и погледот на пријателот и смеата, неговата смеа, желбите и вербата во Големата вода, вистината за Сентерлевиот рид.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
193 ВОВЕД Митовите и реалноста Падот на комунизмот и промената на општествено- економскиот систем што следеше голем дел од македонските граѓани ги дочекаа со ентузијазам и верба во подобар живот.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Според него, спроведувањето на сеопфатна и инстантна приватизација, функционирањето на економијата со што помала државна интервенција и вербата во семоќта на приватната иницијатива ќе доведат до подигање на животниот стандард на сите граѓани, богати и сиромашни, на нивото на западните земји.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)