Тестото го замесува специјална месарица — девојка со татко и со мајка, а пред тоа едно мало детенце — машко — заборава прво во тестото со жегол: да им се раѓаат на младенците машки деца, жито и волови со кои ќе ораат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Не само што не можат тројца мажи, колку и да се тие силни, да ја качат бомбата на воловска кола, рекоа, туку таа, зашто патот до Црн Камен и оттаму до Прилеп е нерамен, полн дупки, при најмал потрес може да експлодира па да ги убие и луѓето и воловите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но ништо тоа не помогна, полицајците останаа на своето, а сам Ѓоре, после расправаше, во еден миг помислил или да им избега или да ги остави да го затворат, но кога размисли подобро, се откажал од тоа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Мене дури и волот ми го испотепаа. Рече астиномот - удрете и по волот, зашто нимниот вол грцки не рика.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И овците и козите и дворот полн јагниња и јариња; и воловите Баљо и Сивко и кравата Белка и двата коња и мачката и кучето Шарко и крушата до авлијата и бадемите и оревите и костените во Стара Ливада, бавчите, лозјата и благотата во каците и виното во бочките и песните пеени на седенки и ората виени во широки кругови на вигната и тоа беше дома..
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
11 Мотив: рана пролет: Брегот на Профим зазеленет; неколку јаболкници и праски избрзале, порано расцутеле, се преливаат во алови и бели бои; по падините на брегот излетале и првите жолти цветчиња расфрлени како распукани жолчки; белее куќата на Профим, која е скоро варосана, а покривот црвенее како тукушто пресечено месо; по брегот пасат неколку овци, кои, чиниш, не се движат, небаре стојат во излог за детски играчки; еден коњ слегува по патеката со крената опашка како да лебди во воздухот; две шареникави добичиња, крава и вол, со издолжени вратови брстаат по зеленилото спуштено ниско и се допираат, се чешкаат со колковите; по коњот оди човек (веројатно Профим) со лимена кофа в рака; на кофата е паднато сонцето и облеснува; нишајќи ја кофата, човекот како да сака да го брецне сонцето; друг некој (веројатно Скрче) се шета низ бавчата, оди од стебло на стебло и ја потпира главата на нив, како да ги гризе.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Пела и во сонот се појавуваше како сонце, бело бело и топло а потоа таа викаше бате Дончо јас и ти сме брат и сестра нели а тој нема глас да ѝ одврати дека тие двајцата не се брат и сестра само нивните мајки во исто време ги имаат родено и оти се најдобри другари им кажуваат дека се полубрат и полусестра и сакаше да ѝ каже дека се само две деца таа момичка а тој момче нели таа женско тој машко како што има жаба машко и жаба женско како што има гугутка машко и гугутка женско како што има којн машко и којн женско како што има вол машко и вол женско и ние сме како нив и токму ска да ѝ каже во што е разликата меѓу машкото и женското го изгубува привидот на Пела сонцето и белото и ќе врекне со широко отворени очи Их, пак само сон!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Атпазар како атпазар. Тука имаше и убави арапски коњи и мршави магариња; и убави расни бикови и волови, и мршави планински крави и телиња.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Брат ми ги пасел воловите и ги натерал во нива со ѓонче, а се знае дека ѓончето или детелината е премногу силна храна и воловите немаат наситка од него.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Си беше еден човек и си садеше грав, пиперки и босилек, сееше ’рж и јачмен, ораше, влачеше, едниот вол му бегаше од браздата, и волот го тепаше по муцка, му пушташе крв од муцката на волот, и после муцката му ја држеше в раце и го милуваше.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)