и (сврз.) - година (имн.)

П.С. Со незапишување на вашето дете во основно и средно училиште вие заштедувате многу нерви, пари и години, но и создавате одлични услови да стане успешен шверцер во системот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Метонимија На Иванка Со години и години и откако го сосекоа до корен стеблото во дворот секое утро тука долетуваше птица и застануваше во воздухот кружејќи точно на местото каде што во круната на некогашното стебло беше свиено нејзиното гнездо.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Години и години живеев во прелага дека добро ја познавам психологијата на нашиот човек, и по многу искушенија и самиот дојдов до сознание дека ни е судено да се остваруваме во јазикот: некој беше рекол дека врз јазикот сум прикован како разбојник на крст.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Со години и години еден незнаен човек квечерина сам ќе си прошеташе по нашата улица и ќе исчезнеше, потоа, некаде во мракот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ах, таа волшебна птица на радоста која на животот му се свети - живеејќи го!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во ковчегот ги здипли и изнареди и деновите, и неделите, и годините и надежта. Убавата невестинска надеж.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не можеше да сфати како настаните што се случуваа (или пак оние што се случувале без тој да знае) претходните месеци, па и години, доведоа до војна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Поштарот не верува дека сум мртов, а мене ми е здодевно да го одведам до гробиштата, парцела икс, алеја три, и да му ја покажам белата плоча со име и година - Никола Боткин, 1948.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Археологот и инженерот со тешка мака ја искачија Гола Глава, ги измори брзото одење, а им тежеа и годините.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Досега не сум забележала дека доручекот игра толку значајна улога, не од медицински или нутриционистички аспект, туку во мерењето и доживувањето на времето, истекувањето на минутите, часовите, деновите, месеците и годините.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
На челниот дел од куќата, под стреата: срце, прстен, токосани раце, ангелче, венче, и во нив: почетните букви од името и презимето на домаќинот и годината на градењето; балкони: украсени со елементи од железо или ламарина во форма на триаголник, четириаголник, ромб, ромбоид, круг, трапез или со гипсени елементи во вид на амфори, во вид на подлактени раце или сосем едноставни со парапети кои завршуваат со коритца за цвеќиња; чардаци: долги колку што е долга и куќата, со пармаци, со плотици од костен, од даб, од јасика; на чардаците испуштени башлаци над кои висат мали куличиња низ кои може незабележено да се ѕирне во дворот, на патот, или во време на војни и арамилак, да се протне цевка од пушка и да се направи пусија; покриви: со рамни или со стрмни стреи, со испуштени чакми и кучиња, со поткренати маи како крилја од птица, со издолжени предни страни како козирка од капи, или прекинати со предниот ѕид што се крева нагоре за да го затскрие покривот; вратите: со една, со две поли, обични или со нутифедер, со украсни бордури на секоја пола, со надвратни прозорчиња застаклени или опшиени со мрежа за заштита од секакво гадурии; на вратите жапка или шуличе што се отвора со стап кој постојано е врзан на вратата, ѕвонец што ќе чукне потивко или посилно, резе со катинар или брава донесена којзнае од каде; прозорците: широки, европски, или пак тесни со по неколку крила доближени едно до друго за што подобро да ги осветлат просториите; оние што се на долниот кат и низ кои може да се ѕирне, заштитени се со железни прачки извиткани во разни форми; кај што нема железни пречки - дрвени капаци испукани од сонце и дожд, но кои ноќно време убаво ја затвораат куќата како дланки склопени на очи или како мравкини дупки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Како да бев во една од куќите на Кукулино: од огниште на кое виси поцрнет котел се шири црвеникава топлина, удира во луѓето и им ги брише од лицата грижите и годините: светлоста се мрешка по земјениот под, мислиш вода е над кој минува здив на ветар: чкрта стара маса на долги нозе, на неа е дрвена карта со ракија, зад луѓето плашливо трепка око на кандило и потсетува на заборавена ѕвезда под проѕирни партали на пајажина: топло е, животот е далеку од светот на домаќините и гостите, обесената низа лук на ѕидот брани од урокливите очи на темницата зад прозорците. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од неговата прикаска исто така можеше ноќе вжештено да се размислува за светците и грешниците на минатото и за темните вртежи околу нив, за времето во кое, повеќе од кога и да било, смртта и стравот од смртта господареле и над билје и над луѓе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Поштарот не верува дека сум мртов а мене ми е здодевно да го одведам до гробиштата, парцела икс, алеја три, и да му ја покажам белата плоча со име и година - Никола Боткин, 1948.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Врз камената и карпеста плоча неука рака го има испишано денот, месецот и годината, а прашината што налегнува врз неа ја издувува северњакот и само дождот ја пери...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Много време и години тешки, чрни, клети, п'лни с маки, п'лни с глоби минаха през глава, докат ја таква си станах, како што ме гледаш.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Ноќ и ден и години долго млечни дождои ќе бидат И во сончеви порти кога ќе влезе Андромеда Урна и дрво како скаменети близнаци ќе види.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Работеше бавно, зашто снагата и годините не му позволуваа да работи побрзо.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И тешко на оној што не ќе си го запамети името и годината на раѓањето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го продадов тој гоблен и навезав и други на кои го ставив и името и презимето и годината кога сум лежел.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Гледаа на нив да биде испишано името на затвореникот и годините кога лежел в затвор.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)