Од горниот раб на северните падини на Горник, веднаш од зад црквата и гробиштата, шумата продолжува.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сум го сквернавел олтарското место и гробиштата. Сум копал за да ја откопам старата омраза, палежите и убиствата меѓу Кочовите и семејството Поцо, за да ја расеам омразата низ целото село.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Немавме поп да отпее, а црквите и гробиштата беа католички...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Ми се чини дека со ископот за проширување на патот, ги ископаа и гробиштата… не беа наши. Италијански беа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
9 Мотив: црквата и гробиштата: Оддалеку најпрвин се забележуваат крошните на столетните дрвја припиени една во друга, грабејќи го лакомо просторот полн сончевина и отворен кон езерото до кај што окото гледа; црковната ограда е ниска и тие ја наткрилуваат, се префрлуваат преку неа со своите крошни, ги пробесуваат и ги спуштаат како зелени водопади; кога ветерот ќе го разниша зеленилото, се покажува камбанаријата и црквата издупчени од гранати; при секое удирање на камбаната, малтерот се лупи и паѓа како кожа од рани; на влезот од црквата сѐ уште стои на ѕидот св. Ѓорѓија качен на коњ и со копјето ја држи змијата прикована за земјата; наместа малтерот е паднат, та змијата е излупена во опашката, но јазикот ѝ е црвен, свеж и заканувачки издаден; гробиштата околу црквата се расфрлани без ред.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)