и (сврз.) - гумно (имн.)

Има три мали пенџериња (едното гледа на југ, на дворот и гумното, другото, западното, преку сокакот на авлијата и во портата Јаузоска, и третото гледа на север на сретселото: четвртиот, источниот ѕид е внатрешен и ја одделува одајата од другите простории во куќата која е сета на едно рамниште - приземна) и сите три се зарешетчени со железни прачки дебели колку прст.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го познавам дворот и гумното ногу убаво и секаде каде треба оген клавање, јас ќе го клада.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нашата куќа беше на самиот крај на селото, имавме плевна и гумно на педесет метри далеку од куќата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)