Беше тоа половина страница искината од „Тајмс“ од пред приближно десет години - горната половина од страницата, така што го содржеше и датумот - и со фотографија на делегатите на некаков партиски собир во Њујорк.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
На предниот дел од џамијата, може си видел, а може и не, на плочките со натписи, се впишани сите имиња на султаните и датумите кога џамијата е подигната, скоро пред сто години.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Имаше чувство, иако во тоа време фактите и датумите веќе стануваа нејасни, дека ги знаел нивните имиња со години пред да чуе за Големиот Брат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тој самиот го одредил денот и датумот кога ќе му ги врати.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
„Го најдов на веб-страницата на Family Tree. Штуро. Само презимето и името и датумот кога е отпуштен од болница. Операција на слепо црево.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ме восхитува твојот говор без аскеза
без пауза клесан ко глинен глаголски натпис
обоен и обол, со густ внатрешен
ритам на мит и лира
на плот и жедба
твоето лице ко отсутност изгребано
ко ѕидини на древни светилишта
од рески и црти
шифри и датуми
ко забранета и жигосана книга
по којашто се топела душата
и го прелевала својот акварел
не повторувајќи ниту еден
потег.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)