Односите со поп Спиро од неговото Полчиште не беа баш толку добри, бидејќи тој секогаш кога служеше во манастирот бараше од дедот Сталета да му плати цела бела меџудија, а врз тоа парите од молитви, крштења, пеанини и друта свештени работи не ги оставаше попот на манастирскиот диск, ами си ги прибираше во својот џеб, та дури и литургиите што ги носеа селаните за нафора си ги клаваше во торбата и им ги носеше дома, на попадијата и дечињата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Најпосле, џембос нека ватат и девери, етрви, јас да си го гледам мојто црнило и дечињата, та потамо господ шо реткол,“ размислуваше Митра и почна да го мами крмнакот: — Бррр . . ., гуци, гуци, гуцииии!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Добро е и дечињана да ги прошетам во што поголем круг, дури и околу фабрикана!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Врисок и плач на жени и дечиња кои грчевито се држат за мајкините поли.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
За десетина години се иселија сите од семејството на Петрета Великанов. Двајцата синови со жените и дечињата Нов Зеланд фатија, двете ќерки со зетовите Австралија.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Веднаш до неа се појави Дине Бочаровски со својата жена и дечињата, се смести на сламарицата и веќе не одеше во ковачницата да дува во вигната и да ги удира вжарените железа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Сите мали мачиња како и дечињата овој збор го научуваат најпрво.) - Мјау, мја, мјау! - продолжило да мјаука мачето а тоа му значело: „Мамо, децата ме тргаат за опавчето!“
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)