Твојот пат е
твојата светост.
Твојот пат сочинет од
име и идентитет
и другите
подзаборавени
потценети
распродадени
за туѓ ќеиф, по сопствена вина
- доблести и добра
сега и материјалните
територијалните
егзистенцијалните
сѐ
за да бидеш
и никој, и ништо
и да се рассееш
по светот
БЕСТРАГА, НЕВРАТ
ЏЕНЕМ, ПО ЃАВОЛИТЕ
надвор од јазикот...
Но твојата трага
- длабоко втисната
тетоважа
на светот -
не е само твоја.
Не скршнувај
од својот
Дом
народе мој!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Одев полека, со некаква возбуда претчувствувајќи ја границата помеѓу злото и доброто.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Современото толкување на митот не ги познава категориите зло и добро, тие и во овој роман на особен начин се преиспитуваат.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
По лошото и добро ќе дојде.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Тие услови секако го вклучуваат, иако не исклучиво, и слободниот пазар на труд и стока, вести и добра.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)