и (сврз.) - задача (имн.)

Значи, во текот на последниве 25 години односите помеѓу Бугарија и Македонија почиваат не врз почва на еднакви традиции и задачи, а на чисто трговска основа т.е. едниот го експлоатира другиот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За ова време откако беше дојден во нејзиното одделение, учителката можеше да рече за него само олку: „Кон учењето и задачите што му се поставуваат, се однесува сериозно.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Знам дека политиката има некои општи цели и задачи, но зошто од нив е изоставена поединечната човечка болка?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
5. Беа воведени и промени кај веќе постоечките видови работни односи: а) Во врска со одредбите што се однесуваат на статусот на приправниците, со ЗРО (1993) се избриша одредбата на ЗРО на СРМ (1990) која велеше дека приправникот кој врши волонтерска работа има право на здравствено и инвалидско осигурување, за инвалидност и телесно оштетување предизвикано со повреда на работа или професионално заболување, како и право на соодветен паричен надоместок за вршење на работите и задачите утврдени во општиот акт, односно колективниот договор – на товар на средствата на организацијата надлежна за работите на вработувањето (чл. 5, ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
5. Во последните две години пред да добие лиценца да не извршувал работи и задачи од областа на безбедноста и одбраната во органите на државната управа како: овластено службено лице или на посебни работни места согласно со прописите од областа на внатрешни работи, работни места на определени должности согласно со прописите од областа на разузнавањето или работни места од чл. 123 на Законот за одбрана; и
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работи на обезбедување на лица и имот можат да вршат лица кои имаат лиценца за работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
2 Тој имаше девет месеци работен стаж во таа институција пред да го покрене конкретниот спор опишан подолу.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Исти одредби важат и за забраната и ограничувањето на правото на штрајк, со таа разлика што не е наведена забраната за штрајк во полицијата при кризна состојба (чл. 108, ЗП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во ова владино Министерство, каде имаше над 250 вработени лица, распоредени на соодветни места и задачи – С.С., кој имаше завршено високо образование, според Правилникот за систематизација на работните места при МО (2002/2003), ја извршуваше функцијата раководител на сектор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Единствено се различни работите и задачите што е неопходно да се извршуваат за време на штрајкот, а кои се наведени во чл. 107 од ЗП. Ibid., стр. 79.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Лиценца за работа издава Комората на РМ за обезбедување на лица и имот – на лице кое, покрај општите услови за засновање на работен однос определени со закон, ги исполнува и следниве услови:
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)