Господарската куќа не беше во кула, оти кулата допрва требаше да се гради, туку во најубавата куќа со чардаци, во која порано престојуваа митрополитот и игумените, кога ќе дојдеа тука на прошетка, или обиколка.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И се струполуваат врз своите сенки во најстрашни маки: од ноздрите им капе лилава крв, очите прскаат како костени на огниште.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Таквите луѓе не плаќаат наметок ни житен, ни вински, ни месен, ни сирен, ни затвор пазат, ни гласници бидуваат, не се дозволува што било да им се земе - било коњ, магаре, вол, а и државна такса не плаќаат, ниту глоба на кој било чиновник, како и самоволно да бидат апсени поради клевета, непослушност или друго, па и никој да не им суди, зашто на ваквите луѓе им суди само манастирскиот суд и игуменот.”
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
А ти не прашувај ме за молепствија - чумата ги коси и игумените и дијаците. Да.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Азијат... - се насмевна Стивенс во брадата да не чуе Бонети и ја издолжи чашата да се чукне со пратеникот и игуменот; се чукнаа, но ним голтката што ја отпивнаа како да им остана во грлото.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)